
Го прободеле со нож и го оставиле на улица – полицијата поднесе кривична пријава против две лица од Куманово
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.А.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид и против Н.М.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неукажување помош“.
На 29.07.2023 во Куманово, по претходна расправија, Љ.А. со нож го повредил Н.С., по што заминал, додека Н.М., кој цело време бил таму, го оставил на улица и не му укажал помош на Н.С., кој се наоѓал во животна опасност.
