
Го победи Ѓоковиќ, па призна дека и самиот скандирал – Ноле, Ноле!
Лајовиќ кажа дека е пресреќен по големиот триумф над првиот тенисер на АТП-листата, по што призна дека и самиот во еден момент скандирал „Ноле, Ноле“.
„Ви благодарам. Ова е мојата најголема победа во кариерата. Моите емоции се измешани затоа што Ѓоковиќ е херој на Србија, не мислев дека можам да го победам. Ѝ благодарам на публиката која навиваше и за мене, дури и јас во еден момент скандирав Ноле, Ноле, а потоа сфатив дека играм против него“, призна Лајовиќ.