![Го нема Ѓоковиќ, нема ниту публиката: Ролан Гарос финишира пред полупразни трибини (ФОТО)](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/06/228414-go-nema-gjokovikj-nema-nitu-publikata-rolan-garos-finishira-pred-poluprazni-tribini-foto-850x560.avif)
Го нема Ѓоковиќ, нема ниту публиката: Ролан Гарос финишира пред полупразни трибини (ФОТО)
Од овие тројца само популарниот Ноле се најде во завршницата од овој турнир, но поради повреда по вина на организаторот (лошо менаџиран терен) мораше да се предаде пред четврт-финалето. Токму неговото отсуство како бумеранг им се врати на Французите, со оглед што дуелите за место во финалето се играа пред полупразни трибини. Дуелот помеѓу Алкараз и Јаник Синер не ги оправда очекувањата, а трибинитене се наполнија до половина од првиот сет, што не се случи во второто полуфинале. На мечот меѓу Зверев и Каспер Руд, на трибините имаше премногу празни места, бидејќи тие што купиле билети очекувале Ѓоковиќ да биде на едната страна од мрежата.
Колку беше голема разликата на трибините може да се спореди, на пример, со мечот меѓу Ѓоковиќ и Лоренцо Музети, кој заврши околу три часот наутро. Тогаш поради јавниот превоз навивачите почнаа да го напуштаат стадионот околу еден часот, но и тогаш имаше повеќе луѓе отколку во 22 часот на дуелот Зверев-Руд.
Утрешното финале ќе биде тест и за француската публика, бидејќи прашање е дали и тие со билети ќе дојдат да видат кој ќе го крене пехарот или веќе не им е важно кога во финалето нема како Новак или Надал.