ГО ДОВЕДОА ПИОНЕРОТ НА БРИТАНСКАТА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – Сулејман е возбуден што ќе дојде на нова позиција во Мајкрософт
Мајкрософт објави дека нејзиниот новоформиран оддел, Мајкрософт АИ, ќе биде предводен од британскиот пионер за вештачка интелигенција Мустафа Сулејман.
Сулејман моментално го води стартапот Inflection AI, но тој е најпознат како ко-основач на фирмата за вештачка интелигенција DeepMind. Таа беше една од најпознатите компании за вештачка интелигенција во Велика Британија, а беше купена од Google во 2014 година.
Овој потег ја зацврстува репутацијата на Мајкрософт како лидер во вештачката интелигенција (АИ), област каде што се чини дека Google се бори, пишува Би-Би-Си.
Во објава на Network X, Сулејман рече дека е „возбуден“ што ќе ја преземе својата нова позиција, додавајќи дека со себе ќе донесе неколку колеги, вклучувајќи ја и „пријателката и долгогодишната соработничка“ Карен Симонијан како главен научник.
Тој рече дека „ќе ги води сите потрошувачки АИ производи и истражувања“, вклучително и копилот четботот Bing и Edge.
Возбуда и во Мајкрософт
Шефот на Мајкрософт, Сатја Надела, го опиша Сулејман како „визионер и градител на пионерски тимови кои извршуваат храбри мисии“.
„Возбуден сум што тој ќе придонесе со своето знаење, талент и експертиза за нашите потрошувачки истражувања за вештачка интелигенција и развој на производи“, додаде тој.
По напуштањето на Google во 2022 година, Сулејман го коосноваше Inflection AI, кое се појави како едно од најуспешните имиња во трката за генеративна вештачка интелигенција откако собра 1,3 милијарди долари од Microsoft и Nvidia минатиот јуни.
Бонитет.ком