Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Глигор Цветанов во „Бизнис-клуб“: „Извозот е суштински за да опстанеме и како компании и како држава“
Економија

Глигор Цветанов во „Бизнис-клуб“: „Извозот е суштински за да опстанеме и како компании и како држава“

30/01/2025

AA

„За мала економија како македонската извозот е суштински за да опстанеме и како компании и како држава, за да имаме поголем приход и за компаниите и за вработените и за да креираме конкурентни производи со поголема додадена вредност“, изјави Глигор Цветанов, генерален директор на една од најуспешните македонски компании „Макпрогрес“ од Виница, во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески.

Во разговорот Цветанов истакна дека извозот е специфична работа, која влијае врз создавањето производи со додадена вредност, за што е потребно да се има квалитетен производ, добро спакуван за да биде конкурентен, да се има желба и амбиција да се излезе на пазарите и да се знае како да се понуди. Според него, покрај тоа што компаниите мора да ги подобрат своите производи и услуги, потребна е и институционална поддршка од државата, како што тоа го прави Турција за својата бизнис-заедница, за да се овозможи пристап до надворешните пазари, што подразбира бесцарински извоз. Тој објасни дека поради непотпишан договор од наша страна компаниите кои извезуваат во земјите од Блискиот Исток плаќаат повисоки царини.

„Ние како држава имаме поволен амбиент: членка сме на ЦЕФТА и на ЕФТА за слободна трговија, а имаме и договор со ЕУ и може да извезуваме без царина. Меѓутоа, има и други пазари, како на пример земјите од МАГРЕБ и од Блискиот Исток, со кои ЕУ има склучено конвенција ПАН-ЕУРО-МЕД. Ние сме приклучени кон тоа, меѓутоа не можеме да имаме слободна трговија со тие земји затоа што го немаме потпишано договорот. Треба само да се потпише договорот за да имаме слободна трговија“, истакна Цветанов.

М-р Григор Цветанов во разговорот со Азески, исто така, ја нагласи важноста од нови инвестиции и истакна дека креаторите на економските политики ќе треба да се фокусираат на неколку подрачја: 1) искоренување на сивата економија преку воспоставување ред во дигиталната продажба, која се врши без фискални сметки, и преку подигнување на капацитетите во Управата за јавни приходи за поголема контрола на терен; 2) обезбедување поевтина енергија – гасификацијата сè уште не ја исполни својата цел; 3) унапредување на образованието, особено на високото образование, бидејќи има многу многу слаба врска со бизнис-заедницата во обезбедувањето на вештините и 4) ефикасна администрација бидејќи за бизнисот времето е важен фактор кој прави трошоци ако не се искористи навреме.

„Во деловниот свет приликите и можностите бргу се менуваат. Ако се појават можности, а ние не сме ги искористиле, тогаш возот е заминат бидејќи го искористил некој друг, кој може да ни стане конкуренција. Секое време што сме го изгубиле значи дека неповратно сме ги изгубиле приликите што не се враќаат“, вели Цветанов.

Григор Цветанов својата професионална кариера ја започнал на 20-годишна возраст во семејната компанија „Макпрогрес“ ДОО Виница, во која ги поминал речиси сите работни позиции пред да стане генерален директор на компанијата.Редовно посетува светски саеми, каде што црпи креативни идеи, кои потоа ги применува во работата.

„Макпрогрес“ е семејна компанија со повеќе од 600 вработени и со промет од околу 37 милиони евра годишно. Таа е најголем извозник на храна во последните 12 години преку познатиот бренд винчини, и тоа во 62 држави низ светот.

Покрај брендот винчини, „Макпрогрес“ е познат и по своите брендови дониа, сончева долина, фантазија и натура. Од вкупното производство 80 % е наменето за извоз, а само 20 % за домашниот пазар.

Компанијата е вклучена во дуалното образование за реализација на практична обука на ученици од СОУ „Ванчо Прке“ од Виница и е добитник на грантот за дуално образование од Германската банка за развој, обезбеден преку Коморскиот инвестициски форум.

Во рамките на компанијата работи и Академијата „Винчини“, единствен целосно опремен центар за истражување и за развој, со лаборатории за иновации и за органолептика.

Целиот разговор на линкот.

https://youtu.be/uJswKRP-NYo?si=FYCTb3UBHnafdycX

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy