
Гледачите уште не седнаа, а Гранада води: Барса прими гол по само 17 секунди (ВИДЕО)
На средината на теренот гостите загубија една топка, Гранада организира контранапад, а Брајан Сарагоса по само 17 секунди го совлада Марк Андре Тер Штеген и ја затресе противничката мрежа. Сличен тек имаше меѓусебниот дуел одигран во 2019 година кога Гранада, исто така како домаќин, победи со 2-0, а првиот гол постигна по 63 секунди игра.
Впечаток е дека повторно голот оди на душа на Тер Штеген кој не ја процени добро траекторијата на топката и дозволи да биде совладан, деветти пат оваа сезона.
