Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гигантот за турбини „Голдвинд“ доаѓа во Македонија
Економија

Гигантот за турбини „Голдвинд“ доаѓа во Македонија

17/03/2023

AA

Една од најголемите кинески компании „Голдвинд“ основаше своја филијала во Македонија со дејност „поправка на електрична опрема“, но општопознато е дека тоа е можеби најголемиот производител на ветерни турбини во светот. Седиштето засега е во Јане Сандански, а управител е Ју Тиеценг.

„Голдвинд обезбеди нов договор за проект од 43,2 мегавати во Северна Македонија. Проектот ќе биде најголемиот проект за енергија од ветер во земјата во однос на проектниот капацитет и капацитетот на единицата. Покрај услугите за снабдување, транспорт и инсталација на турбини на ветер, Голдвинд ќе обезбеди и сервис за проектот за 15 години“, се вели во бизнис информацијата која произлегла од компанијата.

Бизнисот на Goldwind опфаќа повеќе од 20 земји. Деветте производствени капацитети низ светот имаат комбиниран производствен капацитет од повеќе од 4.000 турбини на ветер годишно. Повеќето копнени турбини на ветер имаат капацитет од 2-3 мегавати (MW), кои можат да произведат над 6 милиони киловат часови (kwh) електрична енергија секоја година. Тоа е доволно за да се задоволи побарувачката на електрична енергија на околу 1.500 просечни домаќинства.

Во фискалната 2020 година, иновативниот кинески производител на ветерни турбини генерирал околу 8,78 милијарди американски долари приход. Голдвинд котира и на Шенженската берза и на берзата во Хонг Конг. Голдвинд САД со седиште во Чикаго служи како седиште за операции во Северна и Јужна Америка.

Останува да се види за кого се ќе работи „Голдвинд“ во Македонија. На крајот на минатата година МЕПСО објави дека интересот за производство на електрична енергија од ветер е со втор најголем интерес, по фотоволтаиците. Имало барање за изградба на ветерници со вкупна моќност од 2.000 мегавати, иако сите барања за приклучок во мрежата не треба да се сватат како сериозни.

Кај Владата во моментов се регистрирани два стратешки инвеститори кои треба да градат ветерни електрани. Првата е Ениас ветерна електрана, на друштвото ЕНИМАК ДООЕЛ Скопје. Компанијата изворно е од Турција, Анкара, и се вика Ени Енерџи со намера да гради ветерен парк во прилепско. Вториот стратешки инвеститор е германскиот ВПД кој на полињата од Куманово до Крива Паланка треба да има 69 ветерни турбини, од кои би се произведувала струја како за потребите на 290.000 домаќинства. 415-мегаватна електрана од проектот „Вирови“ на потегот Куманово-Старо Нагоричане-Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра, треба да биде готов за шест години. 

Во моментов се чека на пуштањето на првиот приватен ветерен парк во Македонија, а тоа е „Богословец“ во светиниколско. Најавено беше дека ќе произведува од почетокот на годинава. Инвестицијата на Тхор Импекс, според најавите, треба да изнесува 61 милион евра. Во Богданци треба да започне изградбата на ветерницата на словенечки „Интеренерго“, инвестиција која треба да чини 55 години, а чиј проект се подготвува седум години.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy