
ГИ „УДРИ“ ПО ЏЕБ: Koлку плаќаат Германците за струја, греење и гориво?
Германските граѓани имаат поголем трошок за струја, греење и гориво.
Германците плаќаат 41 отсто повеќе за истото отколку пред три години, пишува весникот „Берлинер моргенпост“, повикувајќи се на студија на порталот „Веривокс“. Во извештајот се наведува дека според пресметката, тричлено семејство годишно троши 20.000 киловати енергија за греење, 4.000 киловати струја и поминува 13.300 километри. Такво семејство за енергија и гориво во февруари 2021 година платило 3.772 евра, а денеска за истите сметки треба да дадат 5.306 евра. Удел си има и војната во Украина и санкциите кон Русија.