Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ги прашавме сточарите за колку ќе го поскапат сирењето
Економија

Ги прашавме сточарите за колку ќе го поскапат сирењето

22/08/2023

AA

Дел од сточарите
веќе информираа преку медиумите дека наскоро ќе поскапе сирењето, затоа што тоа
се прави без додатоци, нема работници, 
но не е за занемарување и фактот дека и сточарството трпи одредени штети
поради климатските промени.

Ги прашавме сточарите
дали веќе го поскапеле сирењето, ако не се, кога тоа ќе се случи и колку ќе
изнесува цената. Производители на сирење од Малешевијата велат дека секој ќе си
одлучи по која цена ќе го продава сирењето, но тие размислуваат дали нагло
зголемување на цената може да ја намали пробарувачката.

„Секој си знае за
себе, за колку пари се исплати да го продава сирењето. Јас ако го покачам, тоа
ќе биде во октомври или ноември и тоа за 50 денари по килограм, а сега цената е
500 денари за килограм. Од тоа живееме. Овде во Берово нема некој избор за работа, луѓето или
ќе работат со сточарство или ќе заминат во странство“, вели беровчанец.

Друг беровчанец
веќе ги продал залихите со сирење и планира идната година да ја зголеми цената.

„Сега цената е
550 денари за килограм. Ќе видиме колку ќе зголемиме, засега не знам точно. Јас
имам редовни муштерии, си бараат квалитет и за цената не верувам дека ќе прават
проблеми, за другите сточари не знам. Годишно произведувам по 2.000 тони
сирење“, вели Трајче од овој крај.

Ги прашавме за
мислење и сточарите од западниот дел на државата дали ќе го поскапат сирењето.

„Јас овците ги
продадов, затоа што еден човек не може да се грижи за 150 грла, а овчари тешко
се наоѓаат, но како што зборуваат сточарите, сирењето ќе поскапи, а колку ќе
биде тоа би требало да се договорат меѓу себе“, рече Садо Мустафовски од Жупа.

Ѓоко Китановски
од селото Гари вели дека наскоро сирењето ќе има нова цена.

„Сигурно ќе
поскапи, затоа што сè поскапе. По 15 септември веќе нема да има
овчо сирење под 600 денари за килограм. Мене најголем дел од купувачите ми се од
Скопје“, додава Китановски.

Сточарите од Брегалничкиот регион најавија поскапување на
сирењето за 30 отсто, односно од сегашните 500 денари ќе оди и до 700 денари.
Како што велат пред пет години во
најголемиот сточарски регион во Источна Македонија, Малешевијата, имало 16.000 овци. Сега, како што објаснуваат нивниот број е преполовен и изнесува над 8.000
овци. Податоците покажуваат дека
низ годините македонските семејства во просек годишно консумирале нешто над 21
па до 40-тина килограми сирење. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/pch.vector

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy