Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ги пцуел, навредувал и со ножици им се заканувал – ОЈО поднесе обвинение за напад врз телевизиска екипа
Македонија

Ги пцуел, навредувал и со ножици им се заканувал – ОЈО поднесе обвинение за напад врз телевизиска екипа

05/11/2023

AA

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе обвинение против 53-годишник за кривично дело – Насилство според член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 21 август, пред берберница во Старата скопска чаршија, малтретирал, грубо навредувал и насилнички се однесувал кон новинарска екипа на ТВ Алсат и предизвикал чувство на вознемиреност и страв кај сведоци на настанот.

Додека снимател и две новинарки снимале за потребите на телевизијата, тој најпрвин излегол од берберницата и започнал гласно да ги пцуе. Потоа влегол внатре и зел ножици, по што се вратил кај оштетените и директно им се заканил дека ќе ги убие. Тие започнале да се повлекуваат на друга локација, но во тој момент обвинетиот му пришол од зад грб на снимателот и го удрил со тупаници по главата. Оштетениот во прв момент изгубил рамнотежа од ударот и ја спуштил камерата. Потоа се исправил и започнал да се брани од ударите на обвинетиот. Наскоро интервенирале и други граѓани за да го спречат натамошното насилство и го одвлекле обвинетиот во берберницата.

Од поведувањето на постапката за осомничениот на сила се мерки на претпазливост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СРБИН ПРЕВЕЗУВАЛ 10 КИНЕЗИ ВО ПРИКОЛКА, ДВАЈЦА ЗАГИНАА КАЈ ВАЛАНДОВО

21/11/2025
Македонија

Мислел ќе сокрие: Бизнисмен од Скопје тајно го продал имотот

21/11/2025
Македонија

Алиу: Вработувањата во здравство од сега според реалните потреби, а

21/11/2025
Македонија

Поплавен е теренот: Одложен натпреварот Пелистер – Шкупи!

21/11/2025
Македонија

🎥 ПОПЛАВЕНИ НАД 50 КУЌИ ВО РЕСЕНСКО, СЕ ИЗЛЕАЈА БОЛНСКА

21/11/2025
Македонија

Продавачите на книги на кејот во Скопје до среда мора

21/11/2025
Македонија

МАКЕДОНИЈА НЕ ОТСТАПУВА ОД КОНЦЕПТОТ „ЕДНА КИНА“ Спикерот Гаши ја

21/11/2025
Македонија

Поплави низ државата: ЦУК и општините во постојана координација

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37930
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СРБИН ПРЕВЕЗУВАЛ 10 КИНЕЗИ ВО ПРИКОЛКА, ДВАЈЦА ЗАГИНАА КАЈ ВАЛАНДОВО Камионот се превртел, Обвинителството бара

21/11/2025

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Србија, осомничен за предизвикување на тешка сообраќајна несреќа со смртни последилици

Мислел ќе сокрие: Бизнисмен од Скопје тајно го продал имотот на компанијата пред стечај!

21/11/2025

Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје

Алиу: Вработувањата во здравство од сега според реалните потреби, а не по лични желби или

21/11/2025

Вработувањата во македонските здравствени установи од сега ќе се вршат исклучиво според реалните потреби на системот, а не по лични

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy