Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГИ ОТВОРА ЛИ ЈИЛДИРИМ ВРАТИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ НА ФЕНИ – основани две фирми во земјава, директорите се токму од турскиот гигант
Економија

ГИ ОТВОРА ЛИ ЈИЛДИРИМ ВРАТИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ НА ФЕНИ – основани две фирми во земјава, директорите се токму од турскиот гигант

14/03/2024

AA

Дали е
се поизвесен влезот на моќната турска компанија „Јилдирим“ во проблематичниот
кавадаречки комбинат „Еуроникел“, кој за многумина е познат како поранешен ФЕНИ,
и врз кој се отвори стечајна постапка. Како што е познато, имотот на Еуроникел
и припаѓа на Комерцијална банка, откако таа го презеде врз основа на
ненаплатени побарувања на износ од околу 38 милиони евра.

Она
што се случува деновиве е дека во земјава се основаат две микро компании, со
основачки капитал од по 5.000 евра, чија основна дејност ќе биде работа со металот
никел. Тие имаат исти сопственик, извесна фирма „Полиникел“, која има прикажано
земја на потекло Холандија, а имаат и исти управители, и токму тие се кадри и
менаџери на турската компанија Јилдирим. А, има уште една друга работа која
двете микро фирми ги поврзува со моќниот турски гигант, а таа е дека и на двете
има оставено мејлови за контакт кои потекнуваат токму од Јилдирим.

Во Централниот регистар прво беше пријавено дека е
регистрирана фирмата Дабл ИГЛ Никел ДООЕЛ Скопје, чие седиште е во Скопје, во атрактивниот
бизнис центар Хипериум во Карпош. Тоа би можело да значи дека турската Јилдирим
преку своите две фирми што ги основа овде веќе си обезбедува канцеларии во
земјава каде би се одвиовале главните бизнис зделки со деловните партнери во
Македонија.

Оваа компанија е друштво со ограничена одговорност на
едно лице, а датумот на нејзиното основање е 11 март оваа година, или пред само
неколку дена. За овој субјект се наведува дека неговото времетраење ќе биде
неограничено, капиталот приватен со странско потекло, и дека ќе биде микропретпријатие,
додека, пак, основачкиот капитал е минималниот дозволен, односно 5.000 евра.

Како
сопственик на оваа фирма е наведена компанијата Полиникел Холдинг БВ, со адреса
во Амстелвеен Холандија, а нејзината дејност е производство на други обоени
метали. За волја на вистината, за таа компанија не можат да се најдат информации
доколку се прави интернет пребарување.

Таа ќе
има двајца управители, кои ќе бидат и административни менаџери, а едниот од нив
е Мехмет Шефкет Ерол, со адреса во Истанбул Турција
. Од пребарувањето на интернет може да се
најде Линкедин профилот на Мехмед Шефкет Ерол, кој е
висок претставник на Јилдирим. Тоа се
поврзува дека е можно токму преку оваа фирма да се реализира откупувањето на имотот
на ФЕНИ од страна на турската компанија. Уште еден управител и административен
менаџер ќе има новиот субјект Дабл ИГЛ Никел, а тој е Џемил Ацар од Тирана
Албанија, кој е исто така на висока функција во турската компанија Јилдирим. Токму
неговата имејл адреса од Јилдирим е оставена за контакт на заинтересираните
страни.

Втората компанија што се основа е Њу Нова Енгинееринг
Скопје, која ќе биде исто така ДООЕЛ и исто така ќе биде сместена во Хипериум,
и буквално со истите карактеристики како и претходната Дабл Игл. Сопственик е
исто Полиникел од Холандија, а ги има и истите менаџери, Мехмет Шефкет Ерол и
Џемил Ацар. Она што е единствената разлика со Дабл ИГЛ е што вторава фирма, Њу Нова
Енгинееринг е регистрирана за дејност производство на други фабрикувани метални
производи, неспоменати на друго место, како и лицето чии мејл е оставен за
контакт, извесен или извесна Зејнеп Хатип, кој припаѓа на Јилдирим.

Како што е познато, неодамна Основниот
суд Кавадарци отвори стечајна постапка за Еуроникел, откако барања за стечај поднесоа фирма од Прилеп за долг од 10.000 евра, јавно
претпријатие од Кавадарци, како и самите
вработени во комбинатот и тоа преку Синдикатот, а за четири неисплатени плати.За 2022 година фабриката има вкупни
побарувања од 5,7 милијарди денари, а обврски во висина од 4,8 милијарди
денари.Вкупно 670 вработени во Еуроникел имаат
побарување од 2,1 милион евра за четири неисплатени плати.

На крајот на јануари годинава Комерцијална банка потврди
дека во тек се преговори со
повеќе заинтересирани инвеститори за купување на имотот и опремата на
комбинатот Еуроникел,
а кои сега се во сопственост на банката,
но, како што нагласија, поради
доверливоста на преговарачкиот процес,
не беа во можност да споделуваат повеќе информации.

„Комерцијална банка
особено истакнува дека отворање стечајна постапка врз Еуроникел нема никаква
врска и допирни точки со сопственоста на банката врз преземениот
имот и опрема. Овој имот и опремата во никој случај нема да бидат дел од
стечајната постапка и Комерцијална банка е слободна да ги продава без никакви
ограничувања“, се нагласуваше во соопштението од
Комерцијална.

Претходно од банката за Фактор
објаснија дека преговорите со потенцијалниот странски инвеститор одат одлично.

А, Фактор веќе пишуваше дека турската компанија Јилдирим е
заинтересирана за купување на комбинатот
, кој во моментов е
во сопственост на Комерцијална банка. 
Познавачи на состјбите сметаат
дека за Еуроникел би било многу добро доколку Јилдирим се јави како нивни
купувач, бидејќи станува збор за голема и моќна компанија која располага со
различни видови на дејности, и токму поради својата разноликост и финансиска
сила би била добар газда на поранешен ФЕНИ, со оглед на тоа што ќе има моќ да
ја одржува компанијата дури и во време кога не би била поволна коњуктурата на
никелот на светските берзи.

Како
што исто така објавивме,
на веб страницата на Јилдирим груп може да се најде дека нејзините
основи датираат од 1963 година,
како и дека Групацијата континуирано
го проширува својот фокус преку нови подружници, еволуирајќи во една од најбрзо
растечките турски индустриски групи. Групацијата ЈИЛДИРИМ е бизнис
во семејна сопственост, 100 отсто држен приватно и управуван од браќата Али
Риза и Роберт Јуксел ЈИЛДИРИМ. 
Групацијата прерасна во глобална сила со седиште во Истанбул,
Турција, со операции во 9 сектори во 56 земји, на 5 континенти.
Групацијата вработува повеќе од 25.000 луѓе ширум светот.

Инаку, во јуни 2022
година, Јилдирим груп потпиша договор за купување на NevCo Ferroniceli
во
Косово
,
еден од најголемите производители на железо и никел во Европа,
а дотогаш во сопственост
на групацијата Балфин. 

Комерцијална банка го стекна
комбинатот за сума од близу 38 милиони евра
,
како
главен
доверител на поранешен ФЕНИ
.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy