
ГИ ИЗБРКАА РАБОТНИЦИТЕ И ГИ СМЕНИЈА БРАВИТЕ: Косовската агенција за приватизација презеде контрола врз хотелот во Бањска
Специјалците на косовскиот премиер Албин Курти упаднаа во српски хотел и бања.
Тие упадна во хотелско-спа комплекс „Рајска бања“ во градот Бањска во општина Звечан и ги протера работниците, јавува Косово онлајн. Косовската агенција за приватизација презеде контрола врз хотелот, а бравите се сменети.
Инаку, хотелот „Рајска бања“ е отворен во 2019 година, а лентата ја пресекоа тогашниот директор на Канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ и претседателот на општина Звечан, Иван Тодосијевиќ.
Тодосијевиќ тогаш изјави дека „Рајска бања“ е втор голем инфраструктурен објект во таа општина, чија изградба ја финансираше Владата на Србија преку Канцеларијата за КиМ.
Оваа есен, српска вооружена група упадна во Бањска, при што уби еден косовски полицаец, но загинаа и четири припадници на групата.
