ГИ ИСТЕРАЛЕ РАБОТНИЦИТЕ КОИ ГИ ЗАТЕКНАЛЕ: Косовската полиција затвори институција во Србица
Косовската полиција ги затвори просториите на привремената управа на општина Србица, пишуваат регионалните медиуми.
Четворица полицајци во цивилна облека ги запечатиле просториите на оваа српска институција и ги протерале работниците што ги затекнале таму, со образложение дека се занимаваат со „незаконски и противуставни активности“.
Канцеларијата за Косово на Србија информира дека потегот е во директна спротивност со сите договори и резултатите од дијалогот и покажува дека единственото нешто што косовскиот премиер Албин Курти го знае е да води политика на затворање, блокади и исклучувања. Додаваат дека ова е десетта привремена управа што властите во Приштина самоволно и незаконски ја затворија, по затворањето на привремените власти во Штрпац, Клина, Исток, Гораждевац, Гора, Косовска Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток.