Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГИ ГУБИМЕ И НЕВРАБОТЕНИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ – од година во година се помалку луѓе работат и бараат работа во Македонија
Економија

ГИ ГУБИМЕ И НЕВРАБОТЕНИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ – од година во година се помалку луѓе работат и бараат работа во Македонија

20/11/2024

AA

Пазарот на труд
во Македонија покажува чудни тенденции. Од една страна имаме намалување на бројот
на вработени, а паралелно со него паѓаат и бројките на невработени граѓани.

Во исто време
имаме големо намалување и на бројот на активни граѓани, поточно граѓани кои се
работоспособни и кои сакаат да работат.

Од некогашните
скоро 950 илјади активни граѓани во 2016 година, бројот на лица кои сакаат и
можат да работат се намалил под 800 илјади граѓани во текот на минатата 2023
година.

Ова го покажуваат
податоците на државниот завод за статистика, каде може да се види, дека имаме
пад и на бројот на вработени. Имено во 2016 година биле вработени над 723 илјади
граѓани, во текот на минатата година се намалиле на 688 илјади.

Но, невообичаено
е што најголемо намалување имаме толку кај бројот на невработени граѓани, кои
од некогашните над 225 илјади спаднале на 103 илјади граѓани.

Дури и кај
неактивното население имаме намалување. Па таму бројките од 730 илјади граѓани
во 2016 година, се намалиле на 723 илјади.

Но, загрижува
уште една споредба со бројките кои ги објавува Државниот завод за статистика.
Имено, во текот на минатата 2023 година имало повеќе некативни отколку вработени
граѓани. Бројот на неактивни граѓани достигнале 723.459 лица, додека бројот
на вработени во земјава бил 688.296 лица
.

Ова е
уште еден сигнал за масовното иселување од земјава, но може да биде и знак
дека се повеќе граѓани работат без да бидат пријавени, хонорарно, привремено, или
пак се насочуваат кон сеознски работи, при што за дел и понатаму нема
евиденција дека се во работен однос.

Ваквите тенденции
се присутни и во текот на оваа 2024 година, кога се регистрира намалување на
активните граѓани, паралелно со намалувањето на невработеноста.

Од Народна банка
во последниот квартален извештај посочуваат оти „во вториот квартал од 2024
година, на пазарот на труд се забележуваат умерени позитивни придвижувања на
годишна основа“

– 
Стапката
на вработеност се зголеми на 45,6 проценти, што е повеќе за 0,1 п.п. во споредба
со истиот квартал од претходната година, во услови на зголемување на бројот на
вработени за 0,3 отсто. Гледано по одделни дејности, најголем придонес кон
годишниот раст на бројот на вработени имаат дејностите „земјоделство, шумарство
и рибарство“ и „здравствена и социјална заштита“, а поголем пораст има и во
дејностите „стручни, научни и технички дејности“, „уметност, забава и
рекреација“ и „преработувачка индустрија“. Во поглед на економскиот статус,
годишно зголемување на бројот на вработени има кај сите категории, освен кај
категоријата „работодавец“, а најголем пораст има кај категоријата „вработени
за сопствена сметка“ – укажуваат банкарите.

Укажуваат оти има
намалување на работната сила и во текот на оваа година. Од аспект на понудата
на работна сила, во вториот квартал од 2024 година активното население забележа
пад од 0,4 отсто на годишна основа, придружено со зголемување на неактивното
население од 0,5 проценти, со што стапката на активност се намали за 0,2 п.п.
на годишна основа и изнесува 52,1 отсто.

– 
Растот
на побарувачката на работна сила, при намалена понуда на работна сила доведе до
позначително намалување на невработеноста во вториот квартал од 2024 година.

Така, бројот на невработени лица се намали за 5,3 проценти на годишна основа,
што услови намалување и на стапката на невработеност, којашто се сведе на 12,5
отсто (13,1 процент во вториот квартал од 2023 година) – се нагласува во
извештајот.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy