
📽️ ГИ ЧУВАЛ ДРОГАТА И ВАГАТА ВО ПОДРУМ ОД ЗГРАДА Битолчанец заработи 30-дневен притвор

Пoлицијата при претрес во Битола откри марихуана скриена во визба од станбена зграда. Осомничениот, 29-годишен битолчанец, заврши во 30-дневен притвор.
Криминалистичката полиција при СВР Битола поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против Л.Б. 29 од Битола. Се товари за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите од СВР Битола, пријавениот подолг период набавувал поголема количина марихуана. Дрогата ја чувал во визба во зградата каде живеел. Потоа ја препакувал и ја продавал на наркозависници на подрачјето на Битола.
Полицијата го претресела неговиот дом по судска наредба, додека судија на претходна постапка одредил мерка притвор.
.
