Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕСТ ЗА ПОЧИТ – дел од добивката „Макпетрол“ ќе распредели меѓу вработените
Економија

ГЕСТ ЗА ПОЧИТ – дел од добивката „Макпетрол“ ќе распредели меѓу вработените

02/05/2023

AA

Дел од
остварената добивка за 2022 година „Макпетрол“ одлучи да распредели меѓу
вработените, со што компанијата континуирано ја потврдува грижата за членовите
на својот тим обезбедувајќи им стабилни приходи и дополнителни награди и
бонуси. За оваа намена се предвидени 110 милиони денари, односно 1,79 милиони
евра. Ова е резултат на стабилното и успешно работење, дури и во актуелниот период
на неизвесност на пазарот на енергенси, повисока инфлација и зголемени трошоци
за живот.

Годинешната
сума од распределенaта
добивка за вработените ќе биде значително повисока од исплатената во минатата
година, кога по овој основ „Макпетрол“ распредели вкупно 70 милиони денари по
годишната сметка за 2021 година. 

Ова е дополнителен финансиски поттик за
вработените во „Макпетрол“, кои минатата година, и покрај кризата, два пати
добија покачување на платите, со што нивните месечни приходи пораснаа за 20 отсто. Покрај
зголемувањето на платите, компанијата лани на секој вработен исплати и регрес
за годишен одмор во нето-износ од 33.000 денари, како и дополнителен
новогодишен бонус од 30.000 денари.

Годишниот
извештај на „Макпетрол“, кој е објавен на Македонската берза, покажува дека
компанијата ја заврши 2022
година со добивка од 1.290.959.428 денари, односно околу 21 милион евра. Тоа е
одличен финансиски резултат во период на големи осцилации на цените на нафтата
и природниот гас на светските берзи и недостигот од енергенси со кој светот се
соочува во последните години. 

Според
извештајот, делови од оваа добивка ќе завршат во рацете на акционерите, на
вработените, како и за нови инвестиции на компанијата во развојни проекти.
Така, за исплата на дивиденда за акционерите се предвидени околу 334 милиони денари,
односно околу 5,42 милиони евра, а за нови инвестиции се испланирани околу 300
милиони денари (околу 4,88 милиони евра).

Имајќи ги
предвид последователните финансиски успеси во изминатите години, може да се
очекува дека и годинава „Макпетрол“ ќе продолжи со исто темпо на реализација на
зацртаните проекти, остварување добивки и нудење дополнителни бенефиции за
вработените. Позитивните финансиски резултати кои компанијата ги оствари во
минатата година се стабилна основа за натамошни капитални инвестиции
на „Макпетрол“, кои ќе бидат позитивен импулс за домашната економија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy