Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕРМАНСКИОТ ГИГАНТ ПРЕСТАНА ДА ВРАБОТУВА: Најголемиот производител на автомобили никако да излезе од кризата
Економија

ГЕРМАНСКИОТ ГИГАНТ ПРЕСТАНА ДА ВРАБОТУВА: Најголемиот производител на автомобили никако да излезе од кризата

06/11/2023

AA

Најголемиот
европски производител на автомобили, концернот Фолксваген, нема да вработува
нови работници до понатамошно известување. Тоа е дел од планот за штедење што
раководството е принудено да го прави поради малата заработка.

Како дел од
програмата за штедење со која Volkswagen од Волфсбург треба да заштеди
милијарди евра, до понатамошно известување се стопирани вработувањата на нови
работници и отворањето нови работни места. Поради програмата за ефикасност,
засега нема да има надворешни регрутации, потврди за Business Insider
портпаролот на Volkswagen.

Заднина на оваа
мерка е програмата за ефикасност која раководството на Фолксваген ја преговара
со синдикатот од почетокот на октомври. Програмата треба да ја извлече VW од
сегашните тешкотии предизвикани од високите трошоци и честите прекини на
производството, со кои компанијата се бори од почетокот на пандемијата на
коронавирус.

Дополнително,
електричните автомобили не се продаваат во количини што ги очекуваше
менаџментот и компанијата се уште се влече по судови поради скандалот со
дизелот. Конкретно, продажбата на важниот кинески пазар падна. Во септември
производството во погоните на „VW“ беше прекинато поради проблеми со ИТ
мрежата.

Во првите девет
месеци од годинава оперативната профитна маржа падна на 3,4 отсто. Тоа значи
дека од 100 евра промет остануваат само 3,4 евра добивка, пишува Дојче веле.

Програмата за
ефикасност наречена „Програма за перформанси“, која беше објавена летово, треба
да му заштеди на концернот десет милијарди евра до 2026 година и да ја доведе
профитната маржа на 6,5 отсто. Фолксваген пред неколку недели ги демантираше
медиумските извештаи дека концернот планира да отпушти 4.000 вработени во
менаџментот.

ФОТО: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy