
ГЕРМАНСКИ ГИГАНТ ИНВЕСТИРА ВО СРБИЈА: Ги има низ цела Европа и во САД!
Германската компанија „Бицерба“ (Bizerba), еден од водечките производители на вага и добавувачи на хардверски и софтверски решенија во технологијата на мерење, сечење и етикетирање производи, утре ќе отвори фабрика во Ваљево.
Инвестицијата е вредна околу 30 милиони евра, а ќе се вработат околу 500 лица. Компанијата е основана во 1866 година, а вработува 4.300 работници во погоните во Германија, Австрија, Швајцарија, Италија, Франција, Шпанија и САД.
Bravo #Bizerba, it’s good to have you in Serbia! https://t.co/sfJAOZg7tk
— Konzul (@Konnzul) March 8, 2022
Градот Ваљево во 2020 година донираше на германска компанија 11,8 хектари во индустриска зона, чија вредност се проценува на милион и пол евра, а Владата на Србија и даде субвенции од 4,5 милиони евра.
Новиот производствен капацитет на Бизерба во Ваљево се простира на околу 11.000 метри квадратни и во првата фаза ќе бидат вработени околу 300 работници, а просечната нето плата, како што претходно најави претседателот Вучиќ, ќе изнесува повеќе од 1.100 евра.
Претставниците на компанијата рекоа дека проектот во Ваљево претставува димензија која не е видена во историјата на компанијата.
Фото: Принтскрин/Твитер