Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Германска економска делегација во работна посета на „Aлкалоид“
Економија

Германска економска делегација во работна посета на „Aлкалоид“

15/03/2023

AA

Германска
економска делегација,составена
од претставници на Министерството за економија на СР Германија и на германски
компании, од потпретседателот на групацијата „BASF
Централна и Југоисточна Европа“ и од високи претставници на Aмбасадата на
СР Германија во Скопје, оствари работна посета на „Алкалоид“
АД Скопје.

На
средбата претставниците на германската економска делегација, чиј
домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, г. Живко
Мукаетов, проследија презентација која ги опфатиостварените
резултати
од работењето на „Алкалоид“, како една од најуспешните
фармацевтски компании во ЈИЕ,
нејзините пласмани, производственото
портфолио иделовните
операции. За време на средбата беа претставени и големиот
број
инвестиции кои компанијата континуирано ги реализира
низ годините, извозните активности и политиката за општествена
одговорност, кои се дел од деветдеценискиот континуитет на успешната приказна
за „Алкалоид“.

Во
рамките на работната средбапосебен акцент
беше ставен врз долгогодишната успешна соработка на
„Алкалоид“ со германски компании. Како еден од
брзорастечките извозни пазари на
компанијата,
Германија еод
особено стратешко значење и пазар каде што „Алкалоид“ во 2022 година оствари
пласмани од 3.014.328 евра,
при што забележа раст од 6,6 % во однос на 2021 година. Посебен осврт беше
даден за тридецениската стратешка соработка на „Алкалоид“ со компанијата „BASF“, eвропска
мултинационална хемиска компанијаи
најголем производител на хемикалии во светот, која важи за еден од најсигурните
партнери на „Алкалоид“. Како компанија со најголема доверба во
однос на квалитетот на суровините и која ги следи потребите на
нашата компанија,„BASF“ е
снабдувач на суровини во сегментите фармација,
козметика
и хемија.

При
обиколкатана производствените
капацитети на сегментот фармација
и на Институтот за истражување и развој, гостите изразија задоволство од
високото ниво на подготвеност и на стручност на човечкиот капитал кој
управува со процесите, како и од високото
ниво на технолошка опременост на капацитетите, при што голем
дел од инсталираната опрема е снабдена од германски производители.

Генералниот
директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, г. Живко Мукаетов, се
заблагодари за честа и за можноста да ги претстави работењето и деловните
операции на компанијата пред присутните, потенцирајќи го значењето на оваа
средба за натамошно продлабочување на билатералната соработка.

Вршителот на
должноста Aмбасадор на СР Германија, г. Ото Граф, изрази
благодарност од посетата и од срдечното гостопримство, истакнувајќи дека преку
оваа работна средба се уверил во големината, успешноста и во организираноста на
една од компаниите столбови на македонската економија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy