
ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?
Германија избегна рецесија во првиот квартал.
Германската економија во првите месеци од годината оствари малку подобри резултати од очекувањата, оценува Бундесбанк.
„Реалниот бруто домашен производ веројатно благо порасна во првиот квартал“, се вели во извештајот на централната банка во четвртокот.
„Генерално, сè уште нема знаци за одржливо закрепнување на германската економија“, велат од Бундесбанката.
Германија претходните години влезе во рецесија.

