Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕРМАНИЈА ВРИЕ, НАЈМАЛКУ 200 СУПЕРМАРКЕТИ НЕМА ДА ПРИМАТ СТОКА: Земјоделците блокираат сè
Економија

ГЕРМАНИЈА ВРИЕ, НАЈМАЛКУ 200 СУПЕРМАРКЕТИ НЕМА ДА ПРИМАТ СТОКА: Земјоделците блокираат сè

08/01/2024

AA

Само во
Бранденбург, повеќе од 100 влезови на автопатите беа блокирани од протестите на
фармерите денеска, соопшти полицијата. Според проценките на полицијата,
повеќето блокади ќе траат и вечерва. Досега се ангажирани околу 850 полицајци.

Мега учество на протестите на фармерите во Баден-Виртемберг

Министерството за
внатрешни работи проценува дека околу 25.000 возила се вклучени во протестите
на земјоделците во Баден-Виртемберг, што доведе до прекин на сообраќајот на
бројни патишта низ земјата, од кои некои се значајни.

Германската влада
најави дека нема да има промени во однос на постепеното укинување на
земјоделските субвенции по што тие започна со блокади поради најавените кратења
на германскиот буџет за земјоделците. Таа владина одлука, која беше донесена
откако Уставниот суд и забрани на Федералната влада да се задолжува, создаде
„дупка“ од 17 милијарди евра за бројни субвенции.

– Состојбата беше
доволно тешка, а даноците за земјоделскиот дизел и возилата беа последната
капка. Последниве години станавме само робови на бирократијата – изјави
фармерот Роберт Илихман.

Поради блокадите
на патиштата, во текот на утрешниот ден најмалку 200 супермаркети нема да бидат
снабдени, дел од оние работници кои може да работат од дома, работат на тој
начин, а училиштата ги правдаат отсуствата. Блокирана беше и фабриката на
автомобилскиот гигант Фолксваген, заради што застана производството.

Од 7 јануари
земјоделците протестираат против планираните (и сега делумно повлечени) кратења
во земјоделскиот сектор и најавуваат „недела на денови на бес“ на улиците на
најголемата европска економија.

ФОТО: EPA-EFE/Filip Singer

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА Осомничен за поткуп од

14/12/2025
Македонија

ОСУММИНА ПОВРЕДЕНИ НА ПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО Страшна несреќа на клучката кај

13/12/2025
Македонија

Уапсен екс-правобранителот Фехми Стафа, под сомнение за тежок поткуп

13/12/2025
Македонија

„ОНЛАЈН МЕДИА“ БАРА ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ Здружението го осудува СДСМ за

13/12/2025
Македонија

Сообраќајот по една лента на автопатот Гостивар-Тетово

13/12/2025
Македонија

Тешка несреќа на патот Гостивар – Тетово!

13/12/2025
Македонија

ЗИМСКО УТРО, СОНЧЕВ ДЕН Температурите ќе се искачат до 15

13/12/2025
Македонија

Шест ученици истепале двајца соученици во основното училиште ОУ „Дитурија“

13/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38901
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА Осомничен за поткуп од неколку десетици илјади евра

14/12/2025

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е уапсен и осомничен за незаконски поткуп од неколку десетици илјади евра, дознава Плусинфо. Фехми

ОСУММИНА ПОВРЕДЕНИ НА ПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО Страшна несреќа на клучката кај Камењане

13/12/2025

Осум лица се повредени во несреќата која вечерва се случи во 20:05 часот, на патот Гостивар-Тетово, веднаш после клучката „Камењане“.

Уапсен екс-правобранителот Фехми Стафа, под сомнение за тежок поткуп

13/12/2025

Поранешниот Државен правобранител на Македонија, Фехми Стафа, вечерва е лишен од слобода во полициска акција. Апсењето на еден од некогашните

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy