
Германија во историски натпревар ја растури Швајцарија
Дуелот во Диселдорф е историски за ракометот бидејќи е одигран пред рекорден број гледачи во планетарни рамки – 53.586. Со тоа, експресно беше соборен рекордот од дуелот меѓу Македонија и Франција кој, според извештаите, го проследија нешто над 50 илјади гледачи.
Германците доминираа во текот на целиот натпревар, на задоволство на големиот број домашни фанови. Во првото полувреме имаа предност и од шест гола разлика, а во второто додадоа гас и дојдоа до убедливиот триумф.
Кнор со шест гола беше најефикасен во германската репрезентација, а по три додадоа Фишер и Костер. Кај Швајцарците доминираше Рубин со четири погодоци.