Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕРМАНИЈА УКИНУВА ЕДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ СОЦИЈАЛНИ ДОДАТОЦИ: Ќе бидат погодени семејствата со деца
Економија

ГЕРМАНИЈА УКИНУВА ЕДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ СОЦИЈАЛНИ ДОДАТОЦИ: Ќе бидат погодени семејствата со деца

18/08/2023

AA

Германската влада го започна најавеното намалување на
родителскиот додаток, Elterngeld, за оние со високи плати. Владата
го усвои Законот за финансирање на буџетот на министерот за финансии Кристијан
Линднер, кој побарал заштеди од сите министерства, вклучително и Министерството
за семејство кое е задолжено за овој надоместок, пишува магазинот Феникс.

Според тоа, границата за остварување право на родителски
додаток се намалува на 150.000 евра годишно, наместо досегашните 300.000 евра.

Како што пишуваат германските медиуми, оваа новина се однесува на лицата кои заеднички го остваруваат правото на родителски
додаток, како и на самохраните родители.

На одлуката и претходеше контроверзна дискусија. Линднер
побара од министерката за семејни прашања Лиза Паус да заштеди на родителскиот
додаток. Паус одлучи да го ограничи дозволениот лимит на приход, за да избегне
намалување на родителскиот додаток за домаќинствата со помали примања.

Родителскиот додаток, Elterngeld, е паричен надоместок на
кој родителите во Германија имаат право доколку не одат на работа по раѓањето
на детето, туку останат дома за да се грижат за детето. Досега оваа поволност беше достапна за прилично голем број луѓе, но
поради новите мерки тоа наскоро може да се промени.

Проценките се различни, но веројатно околу 60.000 семејства повеќе нема да имаат право на
државни бенефиции за време на родителското боледување.

Според податоците на германскиот завод за статистика, лани
родителски додаток добиле 1,8 милиони луѓе, од кои повеќето биле жени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy