
Германија се измачи за да ги скрши незгодните Исланѓани
Исланд го отвори натпреварот на добар начин и водеше со 5-3, но Германија го засили темпото и набрзо направи пресврт со кој замина на полувреме (11-10).
Во вторите 30 минути се водеше голема борба на теренот, а упорните Исланѓани не се откажуваа, па дури и имаа предност на средината на полувремето, но Германија во завршницата го скрши нивниот отпор и славеше со 26-24.
Најдобар стрелец кај Германија беше Кнор со шест голови, додека Смарасон постигна исто толку за Исланд.
