Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕРМАНИЈА „КРОИ“ ПАКЕТ НА ПОМОШ ОД 32 МИЛИЈАРДИ ЕВРА – еве како ќе ја креваат економијата
Економија

ГЕРМАНИЈА „КРОИ“ ПАКЕТ НА ПОМОШ ОД 32 МИЛИЈАРДИ ЕВРА – еве како ќе ја креваат економијата

04/09/2023

AA

Германската влада подготвува пакет даночни мерки во вредност од 32 милијарди евра за стимулирање на растроената економија, а индустријата предупредува дека во пакетот мора да вклучат и контрола на цената на електричната енергија.

Предложениот Закон за можности за раст, усвоен во средата, го опфаќа периодот од 2024 до 2028 година и дава стимулации за компаниите за зелени инвестиции и за истражување и развој, пишува Ројтерс.

Владата планира да им обезбеди на компаниите поголем даночен одбиток за резултатите од другите финансиски години. Мерките и беа претставени на јавноста во средата, на крајот од традиционалниот дводневен „клоуз“ на владата во замокот во Мезеберг, 60 километри северно од Берлин.

Германските компании предупредија дека пакетот не е доволен бидејќи не вклучува субвенции за струја. „Германската индустрија сигнализира СОС, а федералната влада продолжува да ја игнорира кризата“, велат од хемиската индустрија, која е особено тешко погодена од високите трошоци за електрична енергија.

Ограничувањето на цените на струјата е неопходно за да се запре деиндустријализацијата“, потенцираат од здружението за хемиска индустрија ВЦИ. Германскиот канцелар Олаф Шолц беше нејасен во својот одговор, велејќи дека „Владата сè уште го разгледува прашањето за обезбедување снабдување со евтина струја“.

Германската економија, најголемата во Европа, стагнираше во вториот квартал, не покажувајќи знаци на закрепнување од рецесијата во зимскиот период и ја консолидираше својата позиција во групата големи светски економии со најниско ниво на активност, забележува Ројтерс.

Инфлацијата на потрошувачките цени во Германија се зголеми за 6,4 отсто на годишно ниво во август, покажаа прелиминарните податоци во средата, што е намалување од 6,5 отсто во јули, но повисока од прогнозата од 6,3 отсто во анкетата на Ројтерс.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy