
Германија ќе влезе во рецесија
Германската ќе биде единствената голема економија што ќе влезе во рецесија годинава.
Германија е подготвена за продолжена рецесија оваа година, според новите прогнози на Европската комисија.
Се предвидува дека најголемата европска економија ќе забележи намалување на економската активност од 0,4 отсто оваа година – тоа е за 0,6 процентни поени пониско од проценката направена во мај, според Комисијата, која во понеделникот објави нови прогнози. Институцијата ги намали очекувањата за раст за Германија во 2024 година, од 1,4 отсто на 1,1 отсто. И во времето на пандемијата на коронавирусот, Германија влезе во рецесија.
foto freepik.com
