
Германија ја совлада Унгарија и ќе се бори за полуфинале на ЕП
Унгарија во поголемиот дел од првото полувреме имаше водство, а Германија во финишот успеа со неколку гола по ред да направи пресврт (18-17).
Германците во второто полувреме го диктираа темпото и не ѝ дозволија на Унгарија да ја врати неизвесноста, со што запишаа победа од 35-28.
Кестер беше најефикасен во редовите на Германија со осум голови, додека Анцсин постигна шест за Унгарија.
Германија се наоѓа на втората позиција со пет бодови, додека по четири имаат Унгарија и Австрија.