Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Германец и Белгиец снимале голи деца во Хрватска
Регион

Германец и Белгиец снимале голи деца во Хрватска

12/06/2023

AA

Германец и Белгиец се уапсени на Истра во Хрватска затоа што снимале голи деца во камп.

Истарската полиција уапси 61-годишен Германец и 57-годишен Белгиец, кои се осомничени дека во одвоени случаи снимале голи деца во градовите Пула и Ровињ.

Полицијата во Пула го товари германскиот државјанин за експлоатација на деца за порнографија, затоа што на 7 јуни околу 19 часот снимил голо дете како се тушира ​​во камп во областа Премантура.

Белгиски државјанин е уапсен од полицијата во Ровињ поради сомнение дека попладнето на 7 јуни со мобилен телефон снимал и фотографирал деца во нудистичкиот камп.

Обезбедувањето брзо го запрело и го задржало додека не дошла полицијата која го привела мажот. Полицајците извршиле претрес во просториите, возилата и мобилните уреди што ги користеле осомничените.

Вакви инциденти се случуваат секоја летна сезона во Хрватска. Најчесто тоа се странски државјани кои фотографираат голи деца со мобилни телефони. Мобилните често им се скриени во чанти и други предмети, пишува Н1 Загреб.

Во 2021 година, имаше случај каде педофили со подводни камери снимале голи деца на хрватскиот брег на Јадранот. 

Во 2020 година, Италијанец снимал голи деца со мобилен, а Австриец со камера во часовникот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy