Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕРМАНЦИТЕ ПРЕСМЕТАА – ЕДНО ДЕТЕ ДО 18 ГОДИНИ ГИ ЧИНИ КОЛКУ СТАН: Ова се сите трошоци
Економија

ГЕРМАНЦИТЕ ПРЕСМЕТАА – ЕДНО ДЕТЕ ДО 18 ГОДИНИ ГИ ЧИНИ КОЛКУ СТАН: Ова се сите трошоци

12/06/2023

AA

Германскиот завод
за статистика пресмета колкави се трошоците за едно дете до полнолетство. Како
што е наведено, на бебињата им е потребна комплетна опрема, трошоците за нега и
образование доаѓаат подоцна, исто како играчките и рекреативните активности,
паметен телефон и, доколку е потребно, возачка дозвола. Колку е поголемо
потомството, толку повеќе е и поскапо. А еве колку пари треба да потрошат
родителите пред децата да станат полнолетни?

Според
германскиот завод за статистика, во 2018 година паровите трошеле просечно 763
евра месечно за дете (9.756 евра/годишно). Самохраните родители со едно дете,
исто така, трошеле во просек само 53 евра помалку (8.520 евра годишно),
пренесува магазинот Феникс.

Храната, облеката
и домувањето сочинуваат повеќе од половина од расходите, додека само 15 отсто
од расходите се трошат на културни активности, слободни активности и забава.
Како што пишуваат германските медиуми, ако едно семејство има повеќе деца,
трошоците се помали.

Со две деца
трошоците се 1.267 евра месечно (наместо 1.526 евра), со три деца 1.770 евра.
Веројатно тоа се должи на фактот што некои неопходни работи за детето се веќе
таму, од постарите деца.

Ако ги погледнете
поединечните години од животот на детето, станува јасно: колку е постаро
потомството, толку е поскапо. Според податоците на германскиот завод за
статистика, родителите месечно трошат околу 679 евра за шестгодишно дете (8.148
евра/год.), за дванаесетгодишно дете тоа е во просек 953 евра (11.436 евра
/година).

До 18 години едно
дете чини вкупно речиси 165.000 евра, пишуваат германските медиуми и наведуваат
дека во многу региони со оваа сума може да се купи имот од средна големина.

Кога станува збор
за самото училиште, родителите мора многу да вложат. Според една статија
објавена на eltern.de, децата од основно училиште во некои сојузни држави
плаќаат повеќе од 100 евра по учебна година (на пример, Саксонија-Анхалт: 220
евра, Рајнска област-Пфалц: 149 евра, од 2022 година). Долна Саксонија (18
евра/училишна година, од 2022 година) и Тирингија (23 евра/училишна година, од
2022 година) се многу поевтини. Тие трошоци обично се удвојуваат во средно
училиште.

ФОТО: Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy