
Германците на ЕП 2024 ќе играат во – нацистички дресови?! (ФОТО)
Специфичниот фонт на бројките и другите делови ги потсетија Германците на ужасното минато. Историчарот и археолог, Мајкл Кониг, на социјалните мрежи објави дека забележал дека дресот со број 44 неодоливо потсетува на злосторничката „Дивизија СС“ од Втората светска војна.
„Од историска гледна точка, многу е дискутабилно дали треба да се дозволат вакви дресови за ЕП“, напиша Кониг.
Германија ќе биде домаќин на ЕП 2024 и ќе игра во групата А заедно со Унгарија, Шкотска и Швајцарија.

