Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕРМАНЦИ, СЛОВЕНИ И ЧЕШИ КУПУВААТ СТАНОВИ: Многу луѓе сакаат дом покрај море, еве каде има најголем побарувачка од странци
Регион

ГЕРМАНЦИ, СЛОВЕНИ И ЧЕШИ КУПУВААТ СТАНОВИ: Многу луѓе сакаат дом покрај море, еве каде има најголем побарувачка од странци

01/01/2024

AA

Жители на разни
држави од Европа навалија во купување станови во една приморска земја. Дека
сите сакаат да имаат „дом“ покрај море, или место за релаксација потврдуваат и
бројките на хрватските институции за недвижности.

Иако од таму информираат
дека има благ пад на купувањето недвижности во земајта, особено од странци,
сепак, тие воопшто не се за потценување.

– 
Странците
први го намалија купувањето кога е во прашање домашниот пазар на недвижности.
Според податоците на Даночната управа, до средината на минатиот месец во 2023
година странците купиле четвртина помалку недвижен имот во Хрватска, во
споредба со лани – пишува „Курир.рс“.

Минатата година
9.515 странци решиле да инвестираат во недвижности во Хрватска, додека годинава
таа бројка паднала под 7.400 странци. Тоа се, во најголем дел, куќи и станови
покрај море, кои новите сопственици ги користат за сопствен одмор, но често и
за издавање, а со тоа и за дополнителни приходи.

Странските
купувачи на недвижности најчесто доаѓаат од Германија, Словенија, Австрија, но
и од Чешка и Словачка. За многумина, инвестирањето во Хрватска е добра
инвестиција, бидејќи нуди солидна добивка од разликата во цената, доколку се
решат да ја препродадат, но купениот недвижен имот им обезбедува и постојан
месечен прилив на готовина, доколку решат да изнајмат.

Внимателноста на
странските купувачи произлезе, пред се, од економската состојба во матичните
земји, а потоа беше последица и на поскапувањето на недвижностите во Хрватска,
кое не запре ниту годинава. Од 2015 година до денес, цените на недвижностите во
повеќето делови на земјата се двојно зголемени.

Просечната цена
на продадените нови станови во хрватската престолнина во првиот дел од 2023
година надмина 2.600 евра за метар квадратен, а слични, можеби и повисоки се
цените долж Јадранското крајбрежје. Квадратен метар во Кварнер, Истра,
Далмација или Загреб е сè уште поевтин отколку во многу западноевропски
градови.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy