Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Герасимовски: Со една конфискација секој кој се дрзнал да гради дивоградби ќе се помисли
Македонија

Герасимовски: Со една конфискација секој кој се дрзнал да гради дивоградби ќе се помисли

27/05/2023

AA

„Ако може да се градат дивоградба во централното градско подрачје кое е секогаш е лупа од граѓаните и новинарите може да замислите што се случува во другите општини“, рече Горан Герасимовски градоначалник во Општина Центар во вчерашната емисија Трилинг на Телевизија 24 вести. Герасимовски зборуваше за предлог Иницијативата за конфискација на нелегално изградените објекти напоменувајќи дека целта на нејзиното носење е да се конфискуваат објекти коишто се изградени на државно земјиште или зелен појас каде што има непознати сторители.

„ Луѓето се дрзнуваат на се, со еден добар пример и една конфискација мислам дека секој којшто досега правел дивоградби и се дрзнал да изгради на диво одреден објект мислам дека ќе размисли неколку пати дали да отпочне пак да гради“, рече Герасимовски на Телевизија 24.

Во општина Центар рече Герасимовски има дивоизградени објекти и на државно земјиште и во зелена зона. За онеспособување на два такви поголеми објекти сумите се енормно високи, а за целосно отстранување на урнатините уште три пати повеќе. Онеспособувањето пак оценува Герасимовски не е решение затоа што објектите најчесто стануваат засолништа за бездомници.

„Ние зборуваме само за да ја оневозможиме функционалноста на објектите за што се соочуваме со големи трошоци за рушење, а тоа се околу 5,5 милиони за две згради да ги оневозможиме да бидат функционални. Уште три пати повеќе ќе чини нивно целосно отстранување од парцелите. Доколку само ги оневозможиме и ги оставиме истите се соочуваме со поголем проблем да во истите се вселат бездомници кои прават дополнителни проблеми на населението во тој реон. Има поголем број на кражби, се палат одредени предмети кои го загадуваат воздухот и слично и поради тие причини и проблеми со кои се соочуваме бараме начин да и покрај рушењето да има начини за конфискација на одредени вакви дивоградби“, вели Герасимовски.

Герасимовски вели дека идејата на општината е проблемот да се реши како околните земји преку решавање на проблемот како во минатото односно со делумна конфискација. Сите оние средства коишто се трошеле за конфискација, за оневозможување на дивоизградените објекти во некои случаи истите да бидат конфискувани од страна на државата да бидат пренаменети за други потреби односно да бидат или пензионерски домови или предадени за социјално загрозени семејства итн.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy