Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Герасимовски: Го осудувам однесувањето на Левица во Собранието
Македонија

Герасимовски: Го осудувам однесувањето на Левица во Собранието

20/11/2023

AA

Демократијата не се искажува со насилство, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во емисијата “Само вистина” на Канал 5, коментирајќи ги денешните инциденти во Собранието кои ги предизвикаа пратениците од Левица.

“Невкусно и неубаво е во храмот на демократијата, во едно цивилизирано општество, некој на ваков начин да ги искажува своите идеи и размислувања. Целосно го осудувам ова недолично однесување. Ова не е начин на дебата и дискусија”, истакна Герасимовски.

Според него, кршењето предмети во Парламентот е недозволиво бидејќи сето она што е денеска уништено е сопственост на граѓаните. Демократијата и гласот може да се искажат на друг начин, смета Герасимовски, а не со кршење и деструкција.
Градоначалникот на Општина Центар денешниот скандал во Собранието го оцени како предизборен театар, наменет за популистички цели, ширење тензии и добивање евтини политички поени. Тој ги повика своите колеги градоначалници, но и политичките партии да се однесуваат одговорно и совесно, да работат во корист на своите граѓани, а не за свои лични интереси. Герасимовски посочи дека е клучно локалната власт да биде со граѓаните и да ги троши финасиите за општиот бенефит и развојот на општината, а не на луксузи. Тој истакна дека Општина Центар е стопроцентно транспарентна во тој поглед и се залага за нула денари трошоци за репрезентација, угостителски услуги и патувања во странство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy