
Георгиевски: За оние кои не сакаат да знаат отцепувањето беше од Југославија поточно од силната прегратка на Србија
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски по повод 8-ми септември Денот на независноста на својот фејсбук профил упати честитка. „Честит Денот на независна Македонија! За оние кои не сакаат да знаат. Отцепувањето беше од Југославија поточно од силната прегратка на Србија. Но гледам успешно се враќаме таму од кај што со маки излеговме“, напиша Љубчо Георгиевски.
