
Генијалност или случајност: Самарџиќ му даде чуден гол на Интер (ВИДЕО)
Начинот на кој тој ја затресе противничката мрежа е исклучително чуден. Од работ на шеснаесетникот, ја упати топката пред голот на Интер, а таа, недопрена од никого, заврши зад Јан Зомер.
Само Самарџиќ знае дали таква му беше намерата или се обидуваше да проигра некој од своите соиграчи.
