Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Генералката во ОКТА чини 11 милиони евра! Што добива најголемиот акционер ЕЛ.П.ЕТ?
Економија

Генералката во ОКТА чини 11 милиони евра! Што добива најголемиот акционер ЕЛ.П.ЕТ?

30/09/2024

AA

ОКТА и нејзниот доминантен сопственик од јули до сега во македонската економија вбризгаа над 11 милиони евра за да купат 13,5 отсто од сите акции на ОКТА – најголемата македонска компанија за трговија на големо со нафтени деривати. Останува ЕЛ.П.ЕТ да плати уште стотина илјади евра по што ќе му отвори можност со присилен откуп да ги купи сите акции и да постане единствен акционер на ОКТА.

„ЕЛ.П.ЕТ Балканике Петролеум“ грчка државна нафтена компанија ја делат помалку од 100.000 евра за да да стане целосен односно 100 отстотен сопственик на ОКТА – најголемата компанија за трговија на големо со нафтени деривати во Македонија.
Според последната официјална објава на грчката компанија, достапна на берзанскиот информативен сервис СЕИ НЕТ на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=69872, ЕЛ.П.ЕТ поседува 84,88 проценти од сите акции со право на глас во ОКТА.

Тоа значи дека на ЕЛ.П.ЕТ деновиве му остануваат да докупи уште 1.015 акции во ОКТА за да го исполни законскиот услов и да стане единствен сопствен на најголемата македонска компанија за трговија на големо со нафтени деривати.

Имено, од јули наваму ЕЛ.П.ЕТ (порано популарно познат како „Хеленик Петролеум“) купи над 14 отсто од сите акции на ОКТА. Тогаш како што веќе пишувавме односно кон крајот на јули и почетокот на август своите акции во ОКТА ги продаде „Пуцко Петрол“ и од тие трансакции оствари чиста нето добивка  (капитална разлика од куповна и продажна цена н.з.) односно заработи над 7,5 милиони евра.

ЕЛ.П.ЕТ по „чистењето“ на Пуцко Петрол од нивната сопственичка структура продолжи да откупува акции на берзанскиот пазар и тоа по фер односно пазарна цена од 5.900 денари како што плати и на „Пуцко петрол“. Сите домашни и правни физички лица од јули наваму кои сакаа ги продадоа своите акции по цена од речиси 100 евра за една акција. Тоа е исклучително фер потег на големиот односно мнозински акционер затоа што плати фер цена и за акциите кои ако сакаше можеше да ги купи ценкајки се и за пониска цена од таа што ја плати на „Пуцко Петрол“.

Што ќе претстои?

Многу помина, а малку остана за ЕЛ.П.ЕТ Балканики. Сега треба да докупи уште (по нашите калкулации 1.015 акции со право на глас во ОКТА) 1.015 акции со право на глас. Со тоа оваа компанија ќе стигне до фамозните 85 отсто посед акции во ОКТА. Поради тоа што ОКТА во сопствен откуп чува 10 проценти од акциите и тие може да се поништат со одлука на Собрание на акционери ЕЛ.П.ЕТ ќе го исполни законскиот услов за таканаречен „присилен“ откуп на сите слободни акции.

Во таков случај постои процедура во која по одобрение од регулаторот согласно позитивните законски норми ЕЛ.П.ЕТ ќе префрли на сметка во Депозитар средства за сите слободни акции односни тие што се во сопственост на мали акционери физички лица. Цената на акциите ќе биде иста како пазарната цена по која се тргувала таа акција. И со тоа малите акционер нема да бидат финансиски оштетени. Откако ќе заврши процедурата по сила на закон акциите ќе ги добие ЕЛ.П.ЕТ, а парите ќе легнат на сметките на сите акционери кои не продале до исполнување на условите за присилен откуп на акции.

Со завршувањето на оваа постапка ќе се намали материјалот за тргување на Македонска берза затоа што ќе има една компанија помалку чии акции досега се тргуваа во значајна мерка. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy