Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Генерали Инвестментс: Вештачката интелигенција е актуелна тема и на берзите
Економија

Генерали Инвестментс: Вештачката интелигенција е актуелна тема и на берзите

25/05/2023

AA

Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните
настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

Пазарите ги очекува
повторување на 2011 година

Минатата недела на американските берзански индекси главно
влијаеја преговорите за зголемување на лимитот на јавниот долг. До први јуни,
кога треба да се достигне тековниот лимит на долгот, останува уште една недела.
Последен пат САД беа толку блиску до технички банкрот во 2011 година, кога
Конгресот ја зголеми границата само два дена пред рокот, затоа што федералната
влада не ќе можеше повеќе да ги финансира своите долгови. Тогашната колебливост
доведе до тоа агенцијата S&P за прв пат во историјата да го намали
кредитниот рејтинг на американскиот јавен долг, а значителен пад забележаа и
берзанските индекси. Овојпат пазарите не очекуваат вакви потреси.  И покрај присутноста на зголемената
неизвесност, американските индекси се држат блиску до највисоките вредности
оваа година. Минатата недела, инвеститорите особено ги поздравија зборовите на
републиканскиот претседател на Претставничкиот дом Мекарти, лидерот на
демократите во Сенатот Шумер и претседателот Бајден, кои изразија уверување
дека договорот ќе биде склучен навреме. Американскиот берзански индекс S&P
500, минатата недела забележа раст од 1,6%. Во исто време, таканаречените „блу
чипови“, односно акции со голема пазарна капитализација, уште еднаш во голема
мера ги надминаа приносите на акциите на помалите компании и технолошките
гиганти, кои на еден или друг начин се поврзани со актуелната најжешка тема,
вештачката интелигенција. Само пазарната капитализација на Apple, на пример, е
поголема од целиот индекс Russell 2000, кој се состои од 2.000 американски
компании со помала пазарна капитализација.

Германскиот DAX
достигна рекордна вредност

И покрај тоа што податоците за германското индустриско
производство во март покажаа најголем пад во последните 12 месеци, а
инфлацијата во еврозоната повторно благо порасна во април, по 5 месеци
умереност, германскиот берзански индекс DAX во петокот достигна рекордна
вредност. Во последните недели, растот на германските акции беше поттикнат од
добрите квартални резултати од компаниите кои пренесоа повисоки оперативни
трошоци на клиентите и ги задржаа маржите. Акциите на германските гиганти како
Siemens, Mercedes-Benz и SAP од почетокот на годината добија повеќе од 15%.
Економскиот раст повисок од прогнозираниот и добрите деловни резултати исто
така го поттикнуваат растот на повеќето други европски берзи, но инфлацијата во
еврозоната е исто така поупорна отколку во другите развиени економии.

Будење на јапонските
акции

Последниве неколку недели беа интересни јапонските пазари на
капитал, каде јапонските акции по долго време повторно привлекуваат странски
инвеститори, а главниот јапонскиот индекс Nikkei, годинава така тивко доби
речиси 10% во евра. Прогнозите за јапонската економија остануваат релативно
оптимистички, со тоа што јенот ќе изгуби одредено ниво, а каматните стапки
остануваат малку над 0%, така што оптимизмот за континуиран раст на цените на
јапонските акции не се лади.

Раст на бараните приноси
на обврзниците

Неизвесноста во однос на зголемувањето на јавниот долг имаше
многу повеќе негативно влијание врз државните обврзници отколку врз цените на
американските акции. Имено бараниот принос на американската 10-годишна државна
обврзница беше највисок во последните два месеци – во петокот достигна 3,69%.
За нешто помалку се зголеми и бараниот принос на европските државни обврзници,
2,43% на германските 10-годишни обврзници. Доларот останува на нивото од околу
1,08 долари за евро, што очигледно им одговара и на сите големи централни
банки.

СОВЕТИ ЗА
ИНВЕСТИТОРИТЕ

ЕЦБ веројатно уште малку ќе ја заостри монетарната политика,
додека ФЕД се чини дека го достигна посакуваното ниво. Влијанието на повисоките
каматни стапки  почнува да се чувствува
во економијата. Инфлацијата покажува знаци на оладување, но проблемот останува
упорно високата базична инфлација, главно поради наемнините. Пазарот на труд е
силен и економијата останува на територијата на раст и покрај турбуленциите.
Инвеститорите и понатаму очекуваат пресврт во каматната политика.
Оптимистичкото сценарио за пониски каматни стапки претставува значителен ризик
за пазарите. Деловните прогнози остануваат оптимистички, но сценариото за
заладување на економскиот раст и со тоа и пад на профитот не се зема предвид
при вреднувањето на берзите. Со оглед на сите предизвици и очекувани промени,
глобалните акции остануваат релативно скапи и главно поради тоа остануваме
малку повнимателни со инвестициите во акции. Инвестициите во обврзници добиваат
на сила во такво опкружување. Неопходно е да се задржи долгорочен пристап со
периодично зголемување на инвестициите, што докажа дека во услови на поголема
нестабилност и привремена неизвесност нуди добар одговор на инвестициските
можности и дава најдобар резултат. Диверзификацијата на портфолиото останува
клучен двигател за одржување и зајакнување на заштедите. Комбинација од акциски фондови како што се
Генерали Топ Брендови, Генерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит,
ги нуди најдобрите решенија за сложениот коктел на актуелната политичка
ситуација и економското опкружување. Тоа исто така носи одредени можности.
Американските акции во моментов се безбеден остров во бурното море поради
зголемениот удел во технолошки акции и помалиот удел во финансискиот сектор, но
повиците за (пре)скапи технолошки акции стануваат се погласни. Но, од друга
страна, имаме нова приказна за вештачката интелигенција. Обврзниците во 2023
година функционираат како добра инвестиција. Циклусот на зголемување на
каматните стапки се ближи кон крајот, инфлацијата забавува, а и двете ја
зголемуваат атрактивноста на инвестициите во обврзници. За трпеливите
инвеститори ова се моментите за почнување на градење на позиции како на
берзата, така и на пазарот на обврзници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44912
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе ги поврзе Големото Езеро и

08/08/2026

Стариот земјен пат на Пелистер, кој потекнува од периодот на Првата светска војна, треба повторно да биде ставен во функција

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП бара итно поставување м-таг на

08/08/2026

Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите сообраќајни метежи и колони на патиштата низ државата, побара итно поставување на М-ТАГ уреди

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026

Денеска се навршуваат 25 години од заседата на армискиот конвој кај Карпалак во која убиени беа десет припадници на Армијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy