Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Генерали Инвестментс: Што значи намалувањето на рејтингот на САД за пазарите на капитал?
Економија

Генерали Инвестментс: Што значи намалувањето на рејтингот на САД за пазарите на капитал?

09/08/2023

AA

Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

Американските државни
обврзници остануваат безбедно засолниште на финансиските пазари

По одличниот јули, глобалните берзи изгубија малку динамика.
Намалувањето на кредитниот рејтинг на САД од страна на една од трите најголеми
агенции за кредитен рејтинг и зголемувањето на бараните приноси на пазарот на
обврзници беа главно одговорни за прекинот на позитивната серија.

Меѓу главните причини поради кои рејтинг агенцијата „Фич“
одлучи да го намали рејтингот на американскиот долг од највисокиот ААА на АА+ е
растот на јавниот долг и јавниот финансиски дефицит, неизвесните изгледи за
економски раст, заострената монетарна политика и влошувањето на стандардите на
владеење, каде што претставниците на Fitch беа главно вознемирени од
повеќекратните одложувања во преговорите за зголемување на дозволената граница
на долгот и неофицијалната инвазија на Капитол од страна на поддржувачите на
Трамп во јануари 2021 година. Кога кредитниот рејтинг на САД беше намален од
агенцијата S&P во 2011 година американскиот берзански индекс S&P 500 за
неколку дена загуби околу 10%, а овој пат реакцијата на пазарите беше многу
помалку турбулентна. Постојат неколку причини за тоа да биде така. Во 2011
година агенцијата S&P го намали кредитниот рејтинг на САД за прв пат во
историјата, што беше еден вид шок за инвеститорите, кој подоцна се покажа дека
е претеран. Исто така, американската економија моментално е во подобра форма
отколку пред 12 години, кога економскиот раст штотуку зајакнуваше по Големата
финансиска криза, а довербата на инвеститорите, следствено, беше разнишана.
Растечкиот јавен долг е навистина проблем, кој ќе треба да се реши порано или
подоцна со намалување на јавната потрошувачка или повисоки даноци, но
американските државни обврзници сепак остануваат најважното безбедно засолниште
на пазарите. Исклучителната ликвидност и длабочина на американските пазари на капитал
и статусот на доларот како резервна валута играат поголема улога од кредитните
рејтинзи. Ова го истакна и Ворен Бафет минатата недела, кој ја зголеми
изложеноста на неговиот конгломерат Беркшир Хатавеј на американски долг, притоа
истакнувајќи дека иако не се согласува со се што прави американската влада,
нема вистинска алтернатива за доларот и американскиот пазар на државни
обврзници.

Пазарот на труд не укажува на рецесија

Бројот на новоотворени работни места во САД во јули беше
помал од предвиденото, а пред се помал од она на што бевме навикнати во првите
шест месеци од оваа година. Така, американскиот пазар на труд малку се заладува
во последниве месеци, но бројките се далеку од тоа да сугерираат дека
рецесијата е веднаш зад аголот. Невработеноста останува многу ниска и изнесува
3,5%, а просечната заработка на час порасна за 4,4% на годишно ниво.

Продажбата на iPhone
е намалена за 2,4% на годишно ниво

Сезоната на објавување на квартални резултати полека
привршува. Меѓу компаниите во рамките на S&P 500 кои веќе објавија, 79% ги
надминаа прогнозите на аналитичарите, при што тековните проекции покажуваат
дека профитот е за 5,7% помал од вториот квартал од минатата година. Минатата
недела резултатите беа претставени од Apple и Amazon. Apple овој пат донекаде
ги разочара инвеститорите со полошата продажба на iPhone, што претставува 48%
од приходите на компанијата. Сепак, бројот на платени претплатници на
дигиталните услуги на Apple надмина милијарда, што е, на пример, речиси пет
пати повеќе од бројот на претплатници на Netflix. Акциите на Apple паднаа за
околу 5% по објавувањето на резултатите. Од друга страна, Amazon ги
импресионираше инвеститорите со подобри бројки во сегментот на cloud computing,
одлична онлајн продажба и повисоки профитни маржи.

Темни облаци над
имотниот сектор во Велика Британија

Настаните во САД, некои полоши квартални резултати на
европските котирани компании и слабите бројки на индексот на менаџери за
набавка во производството, се главните виновници што и европските берзански
индекси во август тргнаа во минус. Индексот Stoxx 600 изгуби 2,44% на неделно
ниво. Инвеститорите се повеќе ги загрижуваат лошите бројки од европската
индустрија и производствените активности, кои укажуваат на значително
намалување на економските активности во летниот период. Банката на Англија ја
зголеми основната каматна стапка од 5% на 5,25%. Зголемените каматни стапки во
Велика Британија предизвикуваат повеќе проблеми на пазарот за недвижнини, каде
што цените паднаа за 3,8% на годишно ниво во јули, а продажбата на куќи падна
за 15% во јуни.

Бараниот принос
на 10-годишната државна обврзница на САД е повторно над важното психолошко
ниво

Со солидни економски податоци, бараниот принос на
10-годишната државна обврзница на САД по долго време повторно надмина 4%.
Интересно, пазарите на обврзници горе-долу не реагираа на веста за намалувањето
на американскиот кредитен рејтинг, што потврдува дека одлуката на Фич не
влијаела на довербата на инвеститорите.

Кинескиот сектор за
недвижности не покажува знаци на закрепнување

Минатата недела не забележавме големи движења на пазарите во
развој. Кинеските власти продолжуваат да се обидуваат да го променат трендот на
заладување на економската активност со помали интервенции, но секторот на
недвижности, како еден од најпогодените, не покажува знаци на оптимизам и
закрепнување. Сепак, инвеститорите продолжуваат да веруваат во посилен кинески
стимул, што ги прави кинеските акции шпекулативна инвестиција.

СОВЕТИ ЗА
ИНВЕСТИТОРИТЕ

Политиките на
централните банки го диктираат пулсот на пазарите на капитал.
Инфлацијата брзо паѓа, опаѓа дури и базична инфлација, но
побавно отколку што централните банки објавија дека се можни
понатамошни зголемувања на каматните стапки. Пазарот на труд е силен и
економијата останува на територијата на раст. Мекото
приземјување сега стана основно сценарио. Инвеститорите и
понатаму очекуваат пресврт во каматната политика, за што централните банки
не коментираат и следствено претставува ризик за пазарите. Повеќе насоки
за каматната политика во 2024 година може да се очекуваат во август, по
состанокот во Џексон Хол. Глобалните, а соодветно на тоа и
американските акции остануваат релативно скапи и главно поради тоа
остануваме малку повнимателни со инвестициите во акции. Инвестициите во
обврзници добиваат на сила во такво опкружување. Неопходно е да се задржи
долгорочен пристап со периодично зголемување на инвестициите. Диверзификацијата
на портфолиото останува клучен двигател за одржување и зајакнување на
заштедите. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ
Брендови
, Генерали Америка и
паричниот фонд Генерали Кеш
Депозит
, ги нуди најдобрите решенија за сложениот коктел на актуелната
политичка ситуација и економското опкружување. Тоа исто така носи одредени
можности. Американските акции во моментов изгледаат поатрактивни поради
зголемениот удел во технолошки акции, но повиците за (пре)скапи технолошки
акции стануваат се погласни. Во овој момент, има смисла да се пренасочат
дел од средствата од технологијата или американските акции во
други инвестиции, вклучително и оние со фиксен приход (обврзници). Поради
зголемените очекувања за нов стимулативен пакет од кинеските власти, се
зголемува и веројатноста за шпекулативен скок на цените на кинеските акции, но
очекувањата за тоа кога и колку значително се разликуваат. За инвеститорите кои
сакаат да ризикуваат повеќе, ова може да биде моментот да додадат
некои кинески инвестиции во портфолиото, особено преку фондот Генерали БРИК. Но,
бидете внимателни да не надминете 10% од портфолиото. Трпеливиот
инвеститор треба да продолжи да ги зголемува постојните позиции, како
на берзата, така и на пазарот на обврзници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy