
Генерали Инвестментс: Ново Нордиск привремено стана најголемата европска котирана компанија
Во септември, активноста на пазарот обично повторно зајакнува по летното затишје. Во минатото есенските месеци донесоа многу берзански превирања, а последен пат и минатата година. Оваа година, сепак, влегуваме во последната третина од годината во многу посвежа атмосфера.
Бројот на новоотворени работни места значително се намали во САД во август, а податоците за јули и јуни беа исто така ревидирани надолу. Дека пазарот на трудот полека се смирува, укажуваат и податоците за стапката на невработеност, која од 3,5% се искачи на 3,8%, што е највисока од февруари 2022 година. За пазарите ова е добредојден податок, бидејќи ублажувањето на историски тензичните услови на пазарот на труд значи помал притисок врз инфлацијата.
Во петокот добивме нова најголема берзанска компанија во Европа. Пазарната капитализација на данската фармацевтска компанија Ново Нордиск накратко го надмина францускиот производител на луксузни производи LVMH. Исклучителниот раст на Ново Нордиск оваа година главно се заснова на револуционерните лекови против дебелина Wegovy и Ozempic.
Инфлацијата во еврозоната остана непроменета на 5,3% во август. Во текот на летните месеци, со туристичкиот „бум“, особено се зголеми инфлацијата кај услугите. Растот на цените на храната и натаму е висок на годишна основа, но забавува.
Кинеските берзански индекси забележаа мало закрепнување по новите мерки за заживување на секторот на недвижности и олабавувањето на монетарната политика, но пазарите мерките ги оценуваат како недоволни. Вреднувањето во Кина останува под нивото од претходните години.
ПР Објава