Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Генерали Инвестментс: Личната потрошувачка падна во март
Економија

Генерали Инвестментс: Личната потрошувачка падна во март

19/04/2023

AA

Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните
настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

Најголемите
американски банки значително ги зголемија своите профити

Релативно мирните настани на берзите продолжија и по
велигденските празници. Главните берзански индекси ја завршија изминатата
недела со благ пораст, а зајакна и вредноста на еврото во однос на доларот.
Продажбата на мало во САД благо се намали, но американските банки имаа одличен
почеток во сезоната на квартални приходи.

И покрај сите превирања во финансискиот сектор, JPMorgan
Chase, Wells Fargo и Citigroup остварија подобри резултати од предвидувањата на
аналитичарите во првиот квартал и ги надминаа минатогодишните резултати.
Депозитите на клиентите благо се намалија во споредба со минатата година, но на
ова повеќе придонесе колапсот во Силиконската долина и проблемите на некои
регионални банки, споредено со каматните стапки на депозитите, приносите на паричните
фондовите кои беа многу поатрактивни. Тие успеаја да привлечат конзервативни
американски инвеститори кои не се ризични. Од друга страна, во периодот на
најголемите потреси, големите банки добија доста нови клиенти, кои ги префрлија
своите средства од помалите банки. Резултатите на банките не се само под лупа
на инвеститорите и клиентите, кои во моментов се многу чувствителни со оглед на
неизвесноста во секторот, тие се под лупа и поради тоа што банките се добар
показател за здравјето на целата економија. Пазарите посветуваат особено
внимание и на можните знаци за успорување на динамиката на кредитирањето, што
би значело успорување на економската активност. Побарувачката за кредити во
целина засега останува робусна, со исклучок на побарувачката за станбени
кредити. Во JPMorgan, најголемата американска банка, на пример, приходите се
намалија за 38% на годишна основа. Банките ги зголемија и резервациите
(очекувани загуби од нефункционални кредити). Резултатите обелоденети од
американските банкарски гиганти остануваат охрабрувачки, но одразуваат одреден
степен на неизвесност за следните месеци. Оваа недела, покрај останатите важни
американски банки, резултати се пријавени и од некои други големи компании како
Тесла, Џонсон и Џонсон, Боинг и Нетфликс. Според прогнозите на аналитичарите,
вкупните профити на компаниите во рамките на индексот S&P 500 би требало да
се намалат за повеќе од 5% на годишна основа. Ваквиот резултат е охрабрувачки
во светло на силниот раст на профитот во изминатите неколку години, но многу
аналитичари предупредуваат дека во случај на рецесија падот ќе биде многу
поголем.

Пад на потрошувачката
во март

Во изминатите месеци пишувавме за тоа дека личната
потрошувачка останува изненадувачки отпорна на инфлацијата и повисоките каматни
стапки, но мартовските податоци покажаа малку позначителен пад. На месечна
основа, продажбата на мало во САД се намали за 1%, но се зголеми за 3% на
годишно ниво, што е значително помалку од претходните месеци. Најмногу падна
продажбата на возила, градежни материјали и моторни горива. Бидејќи личната
потрошувачка е главниот двигател на американската економија, бројките значат
зголемена веројатност за рецесија, но од друга страна, помал притисок врз
инфлацијата и централните банки, што позитивно би се одразило на берзата. Се
разбира, под претпоставка дека со димензиите на економскиот пад ќе може да се
управува, т.н. плитка рецесија.

Нешто помалку, но сепак значително (0,8%), во март успори
продажбата на мало и во еврозоната. И покрај тоа, сè уште многу високата инфлација
и многу пониските каматни стапки во однос на САД,  не ѝ дозволуваат на
Европската централна банка да размислува за завршување на циклусот на
затегнување на монетарната политика на мајската сесија. Уште повеќе, можноста
ЕЦБ повторно да ја зголеми основната каматна стапка во мај за 50 наместо само
25 базични поени, повторно се зголеми. Како резултат на тоа, минатата недела
вредноста на еврото ја надмина границата од 1,10 американски долари за прв пат
после март минатата година, а цените на обврзниците повторно благо паднаа.
Бараниот принос на германската десетгодишна државна обврзница е околу 2,45%,
слично на италијанската 4,29%, а словенечката 3,33%. Од друга страна,
европските акции најмногу пораснаа. Инвеститорите особено ги радуваше
смирувањето на состојбите во банкарскиот сектор и издржаните податоци за
индустриското производство.

СОВЕТИ ЗА
ИНВЕСТИТОРИТЕ

Централните банки
остануваат на патот на затегнување на монетарната политика, но крајот на
зголемувањето на каматните стапки изгледа дека е многу блиску. Инфлацијата
покажува знаци на оладување, но проблемот останува упорно високата базична
инфлација. Пазарот на труд е силен и економијата останува на територијата на
раст и покрај турбуленциите. Како резултат на движењата во банкарскиот сектор,
се интензивираа очекувањата на инвеститорите за непосредна промена на каматната
политика. Но, каматната политика стана многу непредвидлива. Оптимистичкото
сценарио за пониски каматни стапки претставува значителен ризик за пазарите.
Деловните прогнози за 2023 година остануваат оптимистички, но сценариото за
заладување на економскиот раст и со тоа и пад на профитот не се зема предвид
при вреднувањето на берзите. Со оглед на сите предизвици и очекувани промени,
глобалните акции остануваат релативно скапи и главно поради тоа остануваме
малку повнимателни со инвестициите во акции отколку во претходните недели.
Инвестициите во обврзници добиваат на сила во такво опкружување. Неопходно е да
се задржи долгорочен пристап со периодично зголемување на инвестициите, што
докажа дека во услови на поголема нестабилност и привремена неизвесност нуди
добар одговор на инвестициските можности и дава најдобар резултат.
Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател за одржување и
зајакнување на заштедите. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ
Брендови
, Генерали Америка и
паричниот фонд Генерали Кеш
Депозит
, ги нуди најдобрите решенија за сложениот коктел на актуелната
политичка ситуација и економското опкружување. Тоа исто така носи одредени
можности. Американските акции во моментов се безбеден остров во бурното море
поради зголемениот удел во технолошки акции и помалиот удел во финансискиот
сектор, но повиците за (пре)скапи технолошки акции стануваат се
погласни. Обврзниците ја имаа најлошата година (2022) во последните 50 години.
Не веруваме дека тоа може да се повтори во 2023 година. За трпеливите
инвеститори ова се моментите за почнување на градење на позиции како на
берзата, така и на пазарот на обврзници, а резултатот ќе го донесат следните
години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy