Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Генерали Инвестментс: До кога ќе продолжи овогодинешната берзанска бајка?
Економија

Генерали Инвестментс: До кога ќе продолжи овогодинешната берзанска бајка?

10/07/2024

AA

Глобалните берзи
достигнаа нови врвови и покрај политичката нестабилност во Европа. По неколкуте
слаби настапи во соочувањата, се засилува притисокот врз претседателскиот
кандидат Џо Бајден во однос на неговата кандидатура.

И покрај пократката недела поради прославата на Денот на
независноста на САД, главните американски индекси продолжија да поставуваат
рекорди, поддржани од макроекономските податоци кои укажуваат на можно
намалување на стапката од страна на ФЕД. Индексот S&P 500 го достигна
својот 34-ти рекорд оваа година, иако податоците укажуваат на забавување на
вработеноста во САД и највисока стапка на невработеност од 2021 година.
Приносите на американските државни обврзници паднаа, а пазарот во моментов
очекува уште две намалувања на каматите од страна на американската централна
банка оваа година, со се поголема и поголема веројатност за намалување на
каматните стапки веќе во септември оваа година. Цените на акциите продолжуваат
да бидат поддржани од солидна корпоративна заработка, бумот на вештачката
интелигенција и очекувања за пониски каматни стапки.

Акциите на Tesla пораснаа за 10% откако објавија подобри
продажни резултати од очекуваните. Компанијата, исто така, доби дозвола да го
прошири својот производствен капацитет во близина на Берлин и одобрение од
кинеската влада нивните возила да се користат како службени возила.
Зголемувањето од 27% на цената на акцијата во изминатата недела се должи и на
т.н хеџ фондови кои имаа рекордни кратки позиции пред објавувањето. Според
Ројтерс, Nvidia се очекува да биде обвинета за наводни анти-конкурентни практики
од страна на францускиот регулатор за заштита на конкуренцијата. Акцијата на
Meta Platform доби дури 6% во вредност, бидејќи компанијата воведе нов пристап
кон вештачката интелигенција. Amazon најави дека ќе изгради облак систем за
податоци за австралиската влада за складирање на доверливи информации.

Инвеститорите, исто така, внимателно ги следат политичките
случувања бидејќи Џо Бајден се соочува со притисок да се откаже од својата
кандидатура за реизбор. По дебатите, Доналд Трамп ја зголеми предноста пред
Бајден во клучните анкети, поттикнувајќи ја загриженоста за возраста на
демократот, кој на 81 година се смета за престар за уште еден мандат. Бајден
рече дека сфаќа оти има малку време да ги убеди гласачите и нагласи дека никој
не го тера да поднесе оставка. Според Ројтерс, Камала Харис е главниот избор за
замена на Бајден, доколку тоа биде неопходното движење. Како актуелен
потпретседател, таа би можела да биде и единствената покрај Бајден што ќе ја
искористи големата залиха на донации.

Во неделата беа објавени резултатите од француските избори.
Франција ќе биде во политичка нестабилност по изненадувачката победа на
левичарската коалиција, во која членуваат Социјалистичката партија и крајно
левичарската „France Unbowed“. Загриженоста за влијанието врз државните
финансии се манифестираше со пад на валутата за 0,4% и пораст на бараните
приноси на француските обврзници. Инвеститорите почнаа да размислуваат за
европската финансиска криза од 2011 и 2012 година за да добијат чувство околу
тоа колку високо може да оди јазот во бараните приноси меѓу Франција и
Германија. Франција по изборите станува нова главоболка за европските лидери во
Брисел. Долгорочните инвеститори се утешуваат со фактот дека целосна европска
криза не е толку веројатна денес како што беше во темните денови кога грчката
неволја ги поткопа пазарите во регионот. Без разлика, европските (STOXX 600) и
француските (CAC 40) акции пораснаа за 0,2% минатата недела, исклучувајќи ја
можноста за мнозинска левичарска влада.

Последните податоци за инфлацијата и економскиот раст во
еврозоната дополнително ги поддржуваат аргументите за натамошно намалување на
каматните стапки од страна на Европската централна банка. Годишната стапка на
инфлација во еврозоната падна во согласност со очекувањата на аналитичарите на
2,5% во јуни 2024 година, откако во мај беше 2,6%. Базичната инфлација, која ги
исклучува нестабилните ставки како што се енергијата, храната, алкохолот и
тутунот, сепак, остана стабилна на 2,9% во јуни, малку над прогнозата од 2,8%.
Инфлацијата во услужниот сектор се задржа на 4,1%, што говори за продолжување
на ценовните притисоци во овој сектор.

Кинескиот берзански индекс MSCI Кина загуби 0,3% бидејќи
релито на кинеските берзи што започна минатата година изгуби замав. Кина и
понатаму е оптоварена од кризата со недвижностите во комбинација со
нерамномерно економско закрепнување. Инвеститорите, исто така, не очекуваат
никакви позитивни изненадувања од Третиот конгрес на Комунистичката партија,
кој ќе се одржи помеѓу 15 и 18 јули, а на кој ќе се соберат околу 400 водечки
владини претставници, воени команданти, началници и академици во Пекинг за да
се воспостави политички и економски правец на земјата. Во Турција инфлацијата
се намали побрзо од очекуваното за прв пат по осум месеци. Податоците полни со
надеж дека може да има дополнително намалување на инфлацијата во текот на летните месеци, што покрај потрошувачите ги
израдува и инвеститорите во турските акции (индекс MSCI Турција, +1,5%).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy