
Генерали Инвестментс: Берзите во пресрет на резултатите на технолошките гиганти?
Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за
актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.
Застојот на берзата
продолжува
Зад нас е уште
една недела со помалку или повеќе занемарливи движења на светските берзи.
Бројките од почетокот на кварталната сезона за корпоративната заработка беа
охрабрувачки, но не доволни за да ги убедат инвеститорите да ја зголемат
изложеноста на акции, барем засега. Економскиот раст во повеќето западни
економии останува позитивен, но некои знаци од САД сугерираат дека пазарот на
труд и економската активност донекаде заладуваат. Американските статистичари
оваа недела ќе објават податоци за економскиот раст во првиот квартал. Според
прогнозите на економистите, БДП треба да се зголеми за околу 2%. Од другата
страна на Атлантикот, економските податоци за еврозоната продолжуваат позитивно
да изненадуваат.
Глобалните пазари
на акции продолжуваат да чекаат појасни насоки за наредните месеци.
Најследените индекси ја завршија изминатата недела мешано, но девизните курсеви
се уште далеку над нивоата од претходните месеци и продолжуваат да ги земаат во
предвид прилично оптимистичките сценарија за меко приземјување или плитка
рецесија, што треба да го следи циклусот на затегнување на монетарната
политика. Кај американската централна банка, со раст од 0,25 %, циклусот на
затегнување започна во март минатата година, во ЕЦБ четири месеци подоцна.
Бидејќи ефектот од поскапите пари обично станува очигледен во реалната
економија околу 12 месеци по зголемувањето на каматните стапки, наскоро ќе
добиеме појасен увид за тоа колку успешно централните банки ја завршија својата
работа во втората половина од оваа година. Тогаш ќе се очекува дека последиците
од значително повисоките каматни стапки ќе се одразат и на податоците за
економскиот раст. Исто така, потребно е да се земе во предвид дека, во светло
на неодамнешните потреси, деловните банки ќе бидат уште повнимателни во
кредитирањето, што ќе го отежне пристапот до пари. Според тоа, сегашниот пад на
берзата може да се гледа првенствено како чекање за поопипливи податоци за тоа
како економијата ќе поднесе многу повисоки трошоци за задолжување по нешто
помалку од петнаесет години стимулативна монетарна политика.
Недела на најави од технолошките гиганти
Моментално,
основното сценарио кое се зема во предвид во вреднувањата на финансиските
пазари е дека ќе видиме плитка рецесија. Во нормална рецесија што следи по
економски циклус, корпоративниот профит обично паѓа за околу 20% во просек.
Според прогнозите на аналитичарите, тие требаше да паднат за околу 5% во првиот
квартал од оваа година, но сезоната на резултати ги надмина очекувањата.
Минатата недела на пример, американскиот производител Procter & Gamble,
банкарскиот гигант Bank of America и компанијата Lockheed Martin, која се
занимава со авијација, вселенска технологија и информациска безбедност,
претставија подобри резултати од очекуваното. Тесла се истакна, но негативно.
Профитот накомпанијата падна за повеќе од 20% по агресивното намалување на
цените на автомобилите. Оваа недела во фокусот на вниманието на инвеститорите
ќе бидат технолошките акции за кои по значителниот раст во последните месеци,
границата е поставена на многу високо ниво. Меѓу другите, резултати ќе објават
Microsoft, Amazon, Alphabet и Meta. Оваа недела пред првомајските празници ќе
биде преполна со податоци за работењето на најголемите светски компании.
Економскиот раст на Кина во првиот квартал ги
надмина очекувањата
Кинеската
економија продолжува добро да закрепнува. БДП се зголеми за 4,5% во првиот
квартал. Растот главно беше поттикнат од силниот извоз и продажбата на мало.
Сепак кинеските акции ја намалија вредноста изминатата недела, бидејќи инвеститорите се разочарани од помалата
финансиска инјекција од кинеската влада во споредба со очекуваната и веста дека
САД размислуваат за нови ограничувања на американските инвестиции во Кина.
Продолжуваат да се поставуваат прашања за тоа дали закрепнувањето на Кина е
доволно значаен фактор за поттикнување на глобалниот економски раст. Европската
економија ќе добие одреден поттик од туризмот и продажбата на луксузни стоки,
но тоа само по себе веројатно нема да биде доволно важен фактор за да се спречи
евентуална рецесија во западните економии. Во исто време, се чини дека се
повеќе светските инвеститори ги намалуваат своите инвестиции во кинески
компании, особено технолошки компании, поради геополитичките тензии.
СОВЕТИ ЗА
ИНВЕСТИТОРИТЕ
И во последната
недела од април не ги менуваме препораките. Централните банки дополнително ќе
ја заострат монетарната политика, а влијанието на повисоките каматни стапки
само што почнува да се чувствува во економијата. Инфлацијата покажува знаци на
оладување, но проблемот останува упорно високата базична инфлација. Пазарот на
труд е силен и економијата останува на територијата на раст и покрај
турбуленциите. Инвеститорите и понатаму очекуваат пресврт во каматната
политика, но таа останува крајно непредвидлива. Оптимистичкото сценарио за
пониски каматни стапки претставува значителен ризик за пазарите. Деловните
прогнози за 2023 година остануваат оптимистички, но сценариото за заладување на
економскиот раст и со тоа и пад на профитот не се зема предвид при вреднувањето
на берзите. Со оглед на сите предизвици и очекувани промени, глобалните акции
остануваат релативно скапи и главно поради тоа остануваме малку повнимателни со
инвестициите во акции отколку во претходните недели. Инвестициите во обврзници
добиваат на сила во такво опкружување. Неопходно е да се задржи долгорочен
пристап со периодично зголемување на инвестициите, што докажа дека во услови на
поголема нестабилност и привремена неизвесност нуди добар одговор на
инвестициските можности и дава најдобар резултат. Диверзификацијата на
портфолиото останува клучен двигател за одржување и зајакнување на заштедите.
Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали
Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, ги нуди најдобрите решенија за
сложениот коктел на актуелната политичка ситуација и економското опкружување.
Тоа исто така носи одредени можности. Американските акции во моментов се
безбеден остров во бурното море поради зголемениот удел во технолошки акции и помалиот
удел во финансискиот сектор, но повиците за (пре)скапи технолошки акции
стануваат се погласни. Обврзниците ја имаа најлошата година (2022) во
последните 50 години. Не веруваме дека тоа може да се повтори во 2023 година.
За трпеливите инвеститори ова се моментите за почнување на градење на позиции
како на берзата, така и на пазарот на обврзници, а резултатот ќе го донесат
следните години.

