Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Генерал Марк Мили: Украинците имаат многу тешка задача да ги протераат Русите од своја територија до крајот на годината
Македонија

Генерал Марк Мили: Украинците имаат многу тешка задача да ги протераат Русите од своја територија до крајот на годината

01/04/2023

AA

Началникот на Здружениот штаб на американските вооружени сили, Марк Мили, во интервју за „Дифенс еден“ ( Defense One) денеска соопшти дека Украина најверојатно нема да може годинава ги протера сите руски сили од својата територија, пренесе Хина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повеќе пати има кажано дека целта на Украина е целосно да ја ослободи територијата.

-Зеленски многу пати јавно изјавува дека целта на Украина е да ги протера сите Руси од Украина. И тоа е значајна воена задача. Многу, многу тешка воена задача. Гледате во неколку стотици илјади Руси кои се уште во Украина се под руска окупација, рече Мили, пренесува „Киев Индипендент“.

И покрај тоа што ниту Украина, ниту Русија, не покажаа знаци дека сакаат да преговараат, Мили на 16 февруари за „Фајненшл Тајмс“ изјави дека војната најверојатно ќе заврши на преговарачката маса. Не беше првпат Мили да каже дека војната ќе заврши со преговори.

Во ноември 2022 година, тој го навлече гневот на украинските власти кога кажа дека Украинците треба да ги искористат руските загуби за да преговараат за мировно решение. Тој подоцна ги појасни своите изјави, додавајќи дека „на Украина е да одлучи како, кога и дали ќе преговара со Русите“.

-Не велам дека тоа не може да се направи. Само велам дека тоа е многу тешка задача, истакна Мили, зборувајќи за шансите за победа на Украина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе

27/06/2026
Македонија

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на

27/06/2026
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност

27/06/2026
Македонија

Доаѓа топлотен бран во Македонија, какво време ќе имаме во

27/06/2026
Македонија

67 годишник од Тетово измамен за 3400 евра!

27/06/2026
Македонија

ФОТО Сообраќаен колапс: Се чека до 4 часа за влез

27/06/2026
Македонија

Пронајден маж во дом во Карпош

27/06/2026
Македонија

Ужас во Струмица: Се скарале околу децата, па ја начекала

27/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy