Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Gebrüder Weiss: Нова локација во Албанија
Економија

Gebrüder Weiss: Нова локација во Албанија

13/02/2023

AA

Со локацијата
во Тирана, компанијата за логистика ја консолидира југоисточната европска мрежа
на локации и ги проширува транспортните врски до и од Албанија

На 6 февруари,
Gebrüder Weiss отвори нова локација во Тирана, главниот град на Албанија.
Меѓународната транспортна и логистичка компанија така ја пополни географската
празнина помеѓу Црна Гора и Северна Македонија и ги проширува своите транспортни
врски во Југоисточна Европа. Со своите локации во Албанија, Босна и
Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, сега Gebrüder Weiss е
целосно присутна во Западен Балкан.

„Транспортот од
и кон Албанија се зголеми значително во изминатите дест години. Поголемиот дел
од транспортираната стока доаѓа од Европската Унија.Со
локацијата во Тирана, најважниот транспортен центар во земјата, сакаме да им
понудиме на клиентите од индустријата и трговијата директна врска помеѓу
Албанија и земјите од ЕУ“, вели Томас Мозер, директор и регионален менаџер во Black Sea/CIS регионот
при Gebrüder Weiss.

Предусловите за
тоа се добри: Логистичката компанија има густа патна транспортна мрежа во
соседните земји, како и во Средна и Источна Европа. „Во првиот чекор, ќе ги
прошириме постоечките линии помеѓу Северна Македонија (Скопје) и Албанија во
двете насоки. Новите врски до Италија, главниот трговски партнер на Албанија,
исто така се испланирани“, вели Дорина Ислами, менаџер за Албанија во Gebrüder
Weiss.

Економските
изгледи во Албанија се позитивни повторно по пандемијата на коронавирусот. Во
2023 година се очекува економски раст за околу три проценти. Увозите, како
храна, машини, хемикалии и текстил доминираат во трговијата. Извозите во
Европската Унија, со која постои договор за слободна трговија од 2009 година,
вклучуваат облека и храна, железо и челик, како и други суровини.

За Gebrüder
Weiss 

Gebrüder Weiss Holding AG, со седиште
во Лаутерах (Австрија), е глобален логистички провајдер со целосно сервисно
портфолио, со околу 8.000 вработени и
180 локации во сопственост на компанијата. Неодамна, претпријатието оствари
годишна продажба од 2,5 милијарди евра (2021 година). Портфолиото вклучува
транспортни и логистички решенија, дигитални услуги и управување со синџирите на снабдување. Комбинацијата на дигитална и физичка
експертиза й овозможува на групата брзо и флексибилно да реагира на потребите
на клиентите. Со голем број еколошки, економски и социјални мерки, семејниот
бизнис, чија историја во транспортната индустрија е долга повеќе од 500 години,
денес се смета за пионер во однос на одржливиот менаџмент.

www.gw-world.com

ПР објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy