Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Газдите на „Биотек“ во експанзија, купуваат акции и се здружуваат со контроверзен бизнисмен
Економија

Газдите на „Биотек“ во експанзија, купуваат акции и се здружуваат со контроверзен бизнисмен

13/09/2023

AA

По остварените надпросечни приходи и добивки за време на корона кризата, семејството Синадинови како сопственици на „Биотек Лабораторија“ во изминатиот период се во вистинска инвестициска експанзија.

Компанијата која стана особено позната откако спроведуваше ковид тестирање во својот синџир лаборатории, минатата недела стана нов познат акционер во фармацевтската компанија „Реплек“ со удел од 6,3 отсто. „Биотек“ преку ноќ стана петти најголем сопственик откако за 1.115 акции плати 1,23 милиони евра

Во декември лани Биотек групацијата ја прошири својата палета на услуги, отворајќи и нова Поликлиника Биотек, во центарот на Скопје со Анкица Синадинова – Базерко како нејзин управител.. Поликлиниката, како што тогаш беше соопштено за медиумите, работи со дејностите педијатрија, гинекологија, интерна медицина, трудова медицина и трансфузиона медицина.  

Во текот на ова лето семејството Синадинови одлучува да инвестира и во градежниот сектор. Мартин Синадинов преку фирмата Ахема ја основа компанија МДА Доо Скопје за изградба на станови и други објекти. Тоа го прави заедно со „Електрометал“ на Александар Стојкоски.

Третиот член на семејството сопственици на „Биотек“ – Дејан Синадинов со истата фирма „Ахема“ на крајот на изминатиот месец ја основа „Унион Констракшн“ за изградба на станбени и нестанбени згради. Партнер на Синадинов преку „Нисабеја“ е контроверзниот македонски бизнисмен Дритон Шуки.

Минатата година беше објавено дека косовската полиција спречила украдена медицинска опрема од Македонија да заврши во косовската поликлиника „Авицена КС“ во сопственост на Шуки. Косовските медиуми јавија дека станува збор за опрема вредна 45 илјади евра, а бизнисменот истата наводно ја купил за 10 илјади евра.

За скопјанецот беше објавено дека има бизнис во Косово и Македонија и дека е поврзан со политичари од двете земји. Како што објави косовската полиција на 17 ноември, бил сослушан и е осомничен дека направил кривично дело со купување на медицински апарат кој се сомничи дека е украден во Скопје.

Македонските медиуми пак објавија дека Шуки во 2019 година донирал 32.000 евра на ДУИ. Како што објави „Радио Слободна Европа“, во декември 2019 година Шуки станал член на Централниот одбор на ДУИ и истата година бил најголем донатор на партијата.

Инаку, компанијата Биотек е основана 1999-тата година со основна дејност работа со медицински потрошен материјал и опрема за клинички и индустриски сектор. Во 2015 година Биотек го прошири своето работење и отвори ланец лаборатории во Скопје. Лани беше најавено и дека во тек е отворањето на прва приватна генетска лабораторија во Македонија.

Инаку лани Биотек имал приходи од 11,5 милиони евра и добивка од 1,4 милиони евра.

Александар Кузмановски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy