Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГАЗДИ ИМ ЗАБРАНУВАЛЕ НА РАБОТНИЦИТЕ СИНДИКАЛНО ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ – ако продолжат, синдикатите ќе им протестираат пред компаниите
Економија

ГАЗДИ ИМ ЗАБРАНУВАЛЕ НА РАБОТНИЦИТЕ СИНДИКАЛНО ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ – ако продолжат, синдикатите ќе им протестираат пред компаниите

20/10/2024

AA

Конфедерацијата на синдикалните организации во Македонија (КСОМ) истакнува дека во последно време има сериозни прекршувања на законите од страна на сопственици на компании во однос на правото на работниците за синдикално организирање, како и зголемен притисок од страна на директорите врз работниците преку институции, насочен кон гасење на синдикалните организации од кои дел се од КСОМ. Доколку продолжи притисокот најавуваат протести пред седиштата на компаниите кои тоа го прават и се надеваат на поддршка и од останатите синдикати.

Ваков притисок врз работниците, како што велат, има во повеќе градови, а некаде дури и ги тераат преку нотарска изјава да потврдат дека не сакале да формираат синдикат. Притисок да не се формираат синдикални организации, како што посочуваат, досега вршеле повеќе од 40 работодавачи, најчесто од градежниот сектор и оние кои управуваат со минералните суровини.

– Одредени работодавачи, особено во приватниот сектор, синхронизирано и организирано без да бираат средства вршат големи притисоци врз работниците за да не се организираат синдикално, дури и во некои компании каде ние имаме свој синдикат. Тоа го прават преку разни комисии кои даваат приговори на Првостепена, а потоа и на Второстепена комисија за да дојде до згаснување на синдикатите, а на крај дури и до Управен суд. Додека Управниот суд донесе одлука може да потрае и до три години, а во тој период не смее да се формира нова синдикална организација. На следниот состанок на Економско-социјалниот совет ќе побараме помош за тоа и од премиерот – истакна претседателот на КСОМ Марјан Ристески на денешната прес-конференција и праша што им пречи на работодавачите ако работниците се синдикално организирани и ги бараат своите права.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy