Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГАЗДА ПЛАТИЛ КАЗНА ОД 20.000 ЕВРА ЗА НЕШТО ШТО Е СОСЕМА „НОРМАЛНО“ КАЈ НАС! Инспекторите тајно влегле, а еве што виделе
Регион

ГАЗДА ПЛАТИЛ КАЗНА ОД 20.000 ЕВРА ЗА НЕШТО ШТО Е СОСЕМА „НОРМАЛНО“ КАЈ НАС! Инспекторите тајно влегле, а еве што виделе

12/02/2025

AA

Пушењето во кафулињата, рестораните и другите угостителски објекти и покрај постоечкиот
закон со кој се забранува пушењето
на овие места, е сосема нормално, но угостителите сега се соочуваат со
јасни правила кои ја ограничуваат потрошувачката на тутун во затворени
простори. Иако некои кафулиња се обидуваат да најдат начини да ги задоволат
своите гости, инспекторите во
Хрватска внимателно следат кој го почитува законот, а кој не.

Овој пат цел на увидот било кафуле во Хрватска чиј
сопственик скапо го платил прекршувањето на прописите. При увид, инспекторот
фотографирал пепелници на затворена стаклена тераса, а неколку дена подоцна
стигнала казна – дури 15.000 евра за угостителскиот објект и дополнителни 5.000
евра за сопственикот.

Иако казните се драстични, претседателката на Здружението на
угостителски индустрии на Хрватската стопанска комора, Јелена Табак, тврди дека
ваквата контрола не е изненадување.

-Инспекциите почнаа минатата недела во Загреб и во Сплит, а
законот за ограничување на пушењето е на сила со години. За време на
пандемијата, надзорот беше во втор
план, но сега се врши детално“, објасни Табак.

Од Државниот инспекторат на Хрватска потврдуваат дека инспекциите се насочени кон сите
угостителски објекти и потсетуваат дека законот јасно забранува пушење на
затворени јавни простори. Исклучоци постојат, но под строги услови – посебните
простории за пушење мора да бидат целосно одвоени, со соодветна вентилација и
без сервирање храна и пијалоци.

Според податоците на Инспекторатот, неправилности се
констатирани во повеќе од половина од контролите спроведени годинава. Казните
воопшто не се безопасни – за правни лица може да достигнат и до 20.000 евра,
додека за одговорните лица се предвидени казни до 2.000 евра. Оние кои ќе ја
добијат оваа казна имаат можност да поднесат жалба или да платат намалена казна
во рок од осум дена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy