Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГАСТЕРБАЈТЕРИТЕ ВО СРБИЈА ЛАНИ ИСПРАТИЛЕ ПЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА – рекордна година, еве од каде стигнаа најмногу пари
Регион

ГАСТЕРБАЈТЕРИТЕ ВО СРБИЈА ЛАНИ ИСПРАТИЛЕ ПЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА – рекордна година, еве од каде стигнаа најмногу пари

27/02/2023

AA

Според последните податоци на Народната банка на Србија, приливот на дознаки, односно исплати на пари од странство, надминал рекордни 5 милијарди евра во таа земја. Практично, Србите од дијаспората испратија повеќе пари од износот на прилив од странски директни инвестиции. Прашањето за дознаките има двојно значење. Од една страна, дознаките одржуваат важен дел од српската економија, а од друга страна, тие се знак за зголемен одлив на население од оваа соседн држава, како впрочем и од сите земји од Балканот.

Како што велат од НБС за Блиц Бизнис, според нивните податоци, приливот по основ на дознаки лани изнесувал 5.028,3 милиони евра, што е за 38,3 отсто повеќе во однос на приливот од 3.635 милиони забележан во 2021 година.

Според податоците на српската централна банка, најголеми приливи се забележани од Германија (27 отсто), Швајцарија (14 отсто), Австрија (11 отсто), Франција (6 отсто) и САД (6 отсто), кои се земјите од кои традиционално доаѓале најмногу дознаки.

Што влијаеше на растот на дознаките?

– Кога станува збор за факторите на раст на дознаките, треба да се имаат предвид неколку работи. Прво, дознаките вообичаено имаат контрацикличен карактер, што практично значи дека во периоди на кризи, зголемена неизвесност и геополитички тензии најчесто се јавува нивен раст. Практично, луѓето кои живеат во странство, во такви околности повеќе им помагаат на членовите на семејството кои живеат во Србија, објаснуваат од НБС.

Како што посочуваат, растот на инфлацијата доведе до тоа номинално да се зголемат сите клучни макроекономски показатели, вклучително и дознаките.

– Конечно, на растот на дознаките влијае и зголемениот број граѓани од други земји кои своето живеалиште го засноваат во Србија, заклучуваат тие.

Во 2021 година дознаките ќе бидат 7,2 отсто од БДП

Според податоците на Евростат, во 2021 година приватните дознаки од странство и плаќањата од странство на име надоместок на вработените изнесуваат 7,2 отсто од БДП на Србија. Од вкупната сума за 2021 година, дознаките од сроските работници изнесуваат 3,89 милијарди евра, додека остатокот е приход од тековни трансфери.

Размената на пари се одвива и во границите на Европската унија, каде што 56 отсто од трансферите на пари се вршат меѓу самите членки. Оттаму во 2021 година преку приватни дознаки на трети земји биле исплатени вкупно 37,7 милијарди евра. Најголем дел од тие пари се исплатени на Африка, 8 милијарди евра, потоа 7,8 милијарди евра на азиските земји и 7,1 милијарди евра на европските земји кои не се членки на Унијата.

(Извор: NBS, DES)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy