Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГАСОВОДОТ СО ГРЦИЈА ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ: Има надеж дека ќе почне да се гради и во Бугарија, вели Мицкоски
Економија

ГАСОВОДОТ СО ГРЦИЈА ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ: Има надеж дека ќе почне да се гради и во Бугарија, вели Мицкоски

10/06/2025

AA

Гасоводот со Грција е отпочнат да се гради, откако бил закочен, поради тоа што претходната Влада на СДСМ и ДУИ креирале спецификација, која не одговара на критериумите, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање за дали се гради гасоводот со Грција и какво значење ќе има за нашата држава.

– Како Влада затекнавме еден проект, којшто седум години не беше поместен од место и кога беше извршена некаква евалуација, тогаш заемодавателите одлучија да го прекинат. Поради тоа што претходната Влада на СДСМ и ДУИ креирала спецификација таква што не одговара на критериумите, коишто ги даваат заемодавателите. На брза трака го ставивме тој проект, го корегиравме со новото раководство на НОМАГАС и тендерската документација, изјави Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираното Одделение за управни работи во Скопје.

Посочи дека оваа тендерска постапка е завршена, потпишан е договор со фирма изведувачи и  во моментов траат градежните активности.

-Се надевам дека многу скоро од денеска сите заедно ќе појдеме на лице место и да се радуваме на уште еден проект, којшто е многу значаен за сите нас, бидејќи прво е двосмерен, не е едносмерен како цевководот, којшто доаѓа од Бугарија. Овој е двосмерен, а доколку се надевам и дека многу скоро ќе почне и градбата на северниот интерконектор со Србија, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека со изградбата на овие два гасоводи со Грција и Србија, како држава ќе сме на мапата на транзит на гас и многу значајна за транзит на гасот од југот, односно од терминалот Александрополи или пак од другите земји извознички на гас Азербеџајн, Катар и други земји, кон централна Европа.

-И ние како држава добиваме едно исклучително големо геостратешко значење. Тоа е една од моите лични цели, кои во овој мандат, во овој  четиригодишен прв мандат да ја завршиме, подвлече Мицкоски.

Инаку, Министерството за енергетика, операторот НОМАГАС  и изведувачот „Рапид Билд“ на 7 мај годинава го потпишаа договорот за реализација на проектот вреден 59,9 милиони евра. Интерконекторот од Неготино до Гевгелија кој треба да се поврзе со грчкиот дел што се гради од Неа Месемврија до границата, ќе биде готов за околу две години, а гасоводот ќе биде во функција во 2027 година. Со оваа врска, Македонија ќе може да се снабдува и со природен и со течен гас од терминалите во Ревитуса и Александруполи. Кумановската компанија „Рапид Билд“ ја доби работата на вториот тендер, со понуда што беше за 12 милиони евра пониска од втората најдобра – српска фирма.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy