
ГАСНО ПОВРЗУВАЊЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА: Вучиќ вели дека на самитот се разговарало за инфрастуктурни проекти
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Тирана изјави дека на самитот на Европската политичка заедница разговарал за реализација на специфични инфраструктурни проекти, како што е изградбата на гасен интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија, пишуваат српските медиуми.
„Разговаравме и за некои конкретни проекти во врска со инфраструктурните врски, имено интерконекторот со Северна Македонија, за да можеме да размислиме за дополнителни гасни врски во иднина. Разговаравме и за други инфраструктурни проекти, за целата Агенда за раст и за Единствената европска платна зона – СЕПА“, изјави Вучиќ.
Вели дека СЕПА е важна за Србија и за српските компании, но и за луѓето кои живеат и работат во странство, поради дознаките што ги испраќаат во државата.